Поздрави од Европа!
Откако заврши Состанокот на Претседатели поседов уште два/три дена во Брисел...прекрасен град, мешавина на новото време и традицијата. Таму се собравме уште неколку БЕСТовци и пробавме да ја доловиме Белгиската култура.
Е сега... сега ви праќам поздрави од Мадрид! Тука сум на гости кај еден учесник на нашиот овогодишен летен академски курс. Мадрид е прекрасен... голем и мешавина од различни култури. Но исто така, Мадрид е и супер место за журкање бидејки тука имате забава 24 часа преку денот... само треба да ги дознаете правите места ;)
Епа утре продолжувам за Ваљадолид на еден ден каде што треба да се видам со луѓе од различни БЕСТ настани па да продолжам понатаму за мојот следен БЕСТ настан... Порто и beRICHER, тренинг за можностите за соработка помеѓу БЕСТ и останатите институции/организации.
Епа останете ми поздравени и се гледаме за некоја недела... т.е. се гледаме право на мотивацискиот викенд!
Васе