Неделник број 2

Помина уште една недела и еве не пак со најнови новости.
Во последно време:

  • и втората презентација помина ОК.
  • Кате и Стево се нови алумни.
  • Мотивацискиот викенд ќе се одржи 7-10 декември 2006 некаде низ Македонија (уште не се знае точно местото), ќе има 30 домашни и 25 странски учесници и краен рок за пријавување е 20 ноември. Надокнада за учество е 10 евра, а право на учество имаат сите членови на БЕСТ Скопје. Пријавете се!
  • имаше луѓе и на журката на EESTEC во петокот ама за жал немаме слики.
  • Златко, Софи и Ивана беа во Солун викендов - слики и повеќе инфо има во една претходна вест.
  • во неделата имаше тренинг за FR (Fund Raising).
  • а во понеделникот работна група за FR - се довршуваше проектот за getMotivated и маркетинг - дискусија околу годишниот извештај за 2006 година.
  • честит избор на Деси за претседател на ИАЕСТЕ.
  • денес БЕСТ беше на отварање на нова лабараторија за метрологија (електрични мерења) на ЕТФ.
  • Дрога Колинска ни се нови годишни спонзори
  • и Стена конечно дозна за блогов.
Подгответе се за:
  • во среда журка на ССЕТФ во V8 (во Т.Ц. Скопјанка) од 21:00 до 4:00.
  • редовен состанок во четврток на Архитектонски факултет од 20:00 во училница 228.
  • 5 наши члена ќе присуствуваат на Регионалниот состанок во Истанбул од 3 - 6 ноември 2006. Џо е најхрабар - ќе оди прво во посета на Белград со воз и од таму ќе патува до Истанбул. Убаво да си поминете!

BEST на журка на EESTEC

Мала група Бестовци во петокот навечер беше на журката на студентската организација EESTEC во кафулето Sense (до Ринг, кај Дом на АРМ) . Забавата и не беше којзнае што, ама имаше добра музика, а БЕСТ секогаш знае добро да се забавува, нели?

БЕСТ, како една од најактивните студентските организации на Универзитетот, ги почитува другите студентски организации (IAESTE, Elfasko, AIESEC, EESTEC, AEGEE...) и секогаш присуствува на забави и други свечености приредени од нив, исто како што тие доаѓаат на нашите.

Главното мото на БЕСТ е: "work hard, party harder" :)

Солун викендов

Бевме викендов во Солун на неофицијална посета т.е. на шетање. Во посета беа Златко, Софи и Ивана. Во Солун имаше некој празник и беше сосема раздвижено, живо и весело. Погледнете и самите на сликиве:

Од поранешен БЕСТ -овец

Еве што има напишано еден искусен БЕСТ -овец, а воедно и искусен блогерџија на неговиот блог по повод појавувањево токму на овој блог:

„Од неодамна блог има и студентската организација БЕСТ-Скопје. Здружение чиј член бев на времето и ја, едно две-три години. Не знам како функционираат другите слични организации, но оваа буквално работи како машина.

БЕСТ беше прекрасно искуство за мене. Многу работи научив од постарите членови и БЕСТ ги памтам по неколку стотиците незаборавни журки, пијанки и дружења. Организацијата буквално ме научи како се работи тимски, што значи улога во тимот, преземање одговорност и извршување на должностите.

Се надевам дека на блогот ќе ја пренесат атмосферата од организацијата (и ова е мал придонес да заживее овој блог).“
Фала за убавите зборови Владо и ме радува што имаш убави спомени од БЕСТ. Еве и врска до оригиналниот текст: http://kanalizacija.blogspot.com/2006/10/blog-post_14.html

Посетете го неговиот блог на http://kanalizacija.blogspot.com - има што да се прочита.

БЕСТ Скопје има нови алумни


Два нови члена се придружија на алумни заедницата на БЕСТ Скопје: Катерина Неделковска - Цуци и Стево Трајкоски.
Кате е една од првите членови на БЕСТ Скопје после нејзиното основање во 2002. Била организатор на повеќе настани и одговорна за човечки ресурси во третиот Борд на БЕСТ Скопје 2003/2004.
Стево е член на БЕСТ Скопје од 2003 година. Бил одговорен за маркетинг во третиот Борд на БЕСТ Скопје 2003/2004 и еден од главните организатори на летниот академски курс "Храна, вино... Најдоброто од Македонија!", одржан на Факултетот за земјоделски науки и храна минатата година.

Од името на БЕСТ Скопје: ВИ БЛАГОДАРИМЕ!

Неделни дрн дрн јариња нумеро 1

Ке се потрудиме еднаш неделно да има тука краток информатор на кој ќе ги има најновите работи што се случуваат во БЕСТ Скопје.

Во последно време:

  • Мики се врати од Загреб, беше на Хрватски денови на инжинерите - се мотивирал максимално! Меѓу впечатоците на настанот ќе го најдете и тоа на Мики.
  • Првата презентација за промоција на зимските курсеви помина оки - треба да се работи на втората која е задутре - ајде сите другари, другарки да ги викнете на втората презентација.
  • Бевме на Водно во неделата со ИАЕСТЕ.
  • Го пречувавме новиот стан на Мите. Забелешка од авторот на текстов: „пречувување“ на нов стан - прв пат слушам за овој израз.
  • Бевме кај Суки на Бајрам.
  • Журката за собирање на депозитите помина страшно !@!#!@%#$^$%^(>}!!!!! Еве слики:


Подгответе се за:
  • презентацијата задутре (четврток) на Технолошко-металуршки факултет: 26 октомври, во 12:00ч.
  • сите на редовен состанок во четврток на Архитектонски факултет од 20:00 во училница 228.
  • викендов некои од нас (тие што имаат визи) најверојатно ќе тркант до Солун на опуштена посета на ЛБГ Солун.
  • Кој е за во кино во Рамстор на „Светски трговски центар“ со Николас Кејџ?
  • јас сум ЗА!
Толку до следниот информатор.

ПРОМОЦИЈА НА ЗИМСКА СЕЗОНА 2006/07

БЕСТ Скопје ќе врши промоција на зимската сезона на академски курсеви 2006/07. Презентациите ќе се одржат во следните термини:

  • Архитектонски факултет: 24 октомври, 12:00ч
  • Технолошко-металуршки факултет: 26 октомври, 12:00ч
Воедно ќе биде презентирана БЕСТ Скопје како студентска организација. По презентациите ќе има и коктел за присутните! Сите студенти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј се поканети!

БЕСТ журка!!!

Во четврток (19.20.2006) имаме БЕСТ забава во кафулето Браво кое се наоѓа на вториот спрат во ТЦ Буњаковец. Забавата ќе започне во 21:00 и ќе трае ... додека не не избркаат, нормално.

Освен БЕСТовци ќе бидат присутни и дечките кои беа на летните курсеви низ нашата ни мила Европа ... и нормално ќе ни раскажат како си поминале ... и што научиле да играат.

Претходно имаме редовен состанок од 20:00 на Градежен факултет, на втори спрат, па кој може нека повели и на нашиот БЕСТ - Скопје редовен состанок, па од таму сите на ЖУРКА!

Ве покануваме сите да присуствувате, да се журкаме и дружиме!!!

Дали? Како? Што?

Ќе се обидам накратко да објаснам што треба да се пишува на блогов преку овие три кратки прашања.

Дали?

Пред да напишете нешто размислете дали е за на блог или за на мејлинг листата на БЕСТ - Скопје.

Како?

Пишувајте кратко и јасно. Никој не сака да чита долги текстови.

Што?

Блогов треба да биде интересен и за членовите на БЕСТ и за некој кој прват слуша за нас. Пред се, треба да биде огледало на она што се работи и на духот на организацијата.

Ете, пократко од ова здравје!

Како да се справите со блоговите ?


Во последно време, блоговиве почнаа да стануваат trendy па и луѓево почнаа да читаат многу повеќе различни блогови. Но што ако почнете да губите прегледност врз сите тие блогови: кој кога постирал, кој правел измени, кој ставал и додавал категории ... ? Еден од начините за поголема прегледност врз тие блогови е користење на интернет прелистувач кој има можност да чита ткн. "RSS feed". Еден од нив е и Mozilla Firefox, прилично моќен и соодветен (open source) интернет прелистувач за вакви ствари.

Откако ќе го инсталирате фајрфоксот, на официјалната страна од која се инсталираат екстензиите што фајрфоксот го прават најконкурентен во светот (https://addons.mozilla.org/firefox/), можете да си го симнете Wizz RSS News reader, кој ќе ви помогне во справувањето со многубројните блогови.
Ептен е лесно !
Ако има некој потешкотии нека ми пише за дополнителни инструкции.

На Водно

Бевме на Водно. Си поминавме ептен чок добро. За слики кликнете на печурчето десно - не нема сите на сликите.

П.С. Печурките не се од нас - нив ги собирал и сликал татко ми кого го сретнавме на врвот.

Не-неограничен регионален состанок

Конечно се виде дека БЕСТ Скопје беше подобар кандидат од Истанбул за организација на регионалниот состанок на југоисточниот регион. Главниот аргумент на турците - неограничениот број места потона во Босфорот.
Треба само уште да го потвриме овој факт со беспрекорна организација на мотивацикиот настан getMoivated.

Супер Борд

Бордот го сочинуваат 7 членови на БЕСТ Скопје кои многу не се разликуваат од другите обични членови - исто јадат, исто се облекуваат, исто пијат, исто се забавуваат, исто... Единствено нешто што треба да ги прави различни е тоа што ја имат честа, но и одговорноста да ја водат организацијата. За да бидат одговорни тие седуммина избрани отприлика еднаш неделно се сретнуваат и држат состаноци. На тие состаноци тие дискутираат за тековните работи во БЕСТ и донесуваат одлуки, па врз основа на тие одлуки се случуваат работите во БЕСТ - едноставно: тие ја водат нашата организација.

Но што се случува кога тие избраници се состануваат и дискутираат и донесуваат супер одлуки, но не ги промовираат меѓу членовите. Тогаш членовите немаат појма дека има супер одлуки, немаат појма што се случува во организацијата, добиваат впечаток дека нивните избраници ништо не работат, имаат чуство дека организацијата не е доволно отворена.

Нашите избраници се супер, но ја имаат маната да не праќаат извештаи од нивните состаноци каде дискутираат за работи кои не засегаат сите нас, па ние не може да знаеме колку се тие супер.

Јас сакам да видам дека Бордот е супер, а вие?

Google Groups Beta

Од самото постоење на БЕСТ Скопје важен дел од комуникацијата помеѓу членовите се одвива преку е-пошта, односно преку таканаречените „мејлинг листи“.

Yahoo Groups

Сервис за групно праќање на е-пошта кој во моментов го користиме и кој ни „врши работа“ е сервисот Yahoo Groups. „Ни врши работа“, бидејќи скоро и да не ги користиме опциите кои се овозможени од web пристапот на групите, како календар, опцијата за ставање слики, за анкети и слични тракатанци. Единствено го користиме за основната функција - праќање масовна е-пошта.

Зошто не ги користиме тие опции кога би ни биле корисни? Нели би можеле да ставиме некоја слика во Photos делот или да ставиме некој настан во календарот или некоја датотека во Files делот или некоја анкета или ... Гледам дека во делот за бази има започнато и „Именик“ меѓутоа и тој не е заживеан.

Епа, не ги користиме овие опции бидеќи Web интерфејсот на Yahoo Groups едноставно НЕ ГО БИВА! Полн е со реклами во Flash, лош е за користење (сте пробале ли да ги читате пораките преку неговиот интерфејс директно?) и на крај - не поддржува кирилица.

Ново дете у маало

Google Groups Beta е ново дете кое се појави неодамна. Има добар интерфејс (сличен на ширококористениот GMail) и на него може да се најавувате со вашата GMail сметка (еднаш најавени на GMail автоматски сте најавени и на Google Groups), па така тие што сакаат ќе можат да ги читаат пораките преку веб интерфејсот и да не го заглавуваат своето сандаче за е-пошта. Со тоа што ќе се посетува веб интерфејсот ќе се користат и опцијата за поставување на датотеки (100 MB простор) и опцијата за едноставно креирање на веб страници, ќе може конечно да користиме кирилица (кој сака) и на крај најважно - има опција за сликички за членовите ;-)

Единствено нема некои од опциите на Yahoo Groups кои ги кажав погоре (календар, анкети, база...) кои како што видовме ги немаме ни користено до сега.

Префрлање

Ајде да се префрлиме на Google Groups!

Прво предлагам да се префрли best_skopje групата каде има помалку членови и малку поискусни, па врз основа на тоа искуство да се оди и на bestsk_members. Новите групи треба да си ги задржат старите Yahoo имиња поради веќе створените навики.

Групите веќе ги креирав, веќе има и неколку членови кои ги тестираат можностите. После одреден период тестирање може да почнеме со префрлање доколку сте за. Google Groups е во бета фаза на развој и поради тоа некој би се посомневал во квалитетот на сервисот, но во Google светот бетата е на многу висок степен на употребливост - GMail е исто така бета, па му нема рамен :-)

Кој сака да биде вклучен во тестирањето нека ме извести.

Забелешка - доколку основната страна на www.google.com ви е подесена да се прикажува на македонски јазик нема да можете да ја видите новата бета верзија на Google Groups туку ќе ве враќа на стариот Google Groups кој е многу ограничен со опции. За да може да ви се прикаже новата бета верзија треба да одите на http://www.google.com/ и таму дa се префрлите на англиски јазик.

SJF Концерт - Тони Китановски квартет

Утре 13.10.2006 во арт кафето "Мала станица", со почеток од 22 часот има коцерт на квартетот на Тони Китановски. Влезот е слободен.
Концертот е во склоп на македонските џез вечери кои се дел од Скопскиот џез фестивал.
Повеќе информации за Тони Китановски можете да прочитате на
неговата официјална веб страница

getMotivated

Бета верзијата на логото за мотивацискиот викенд. Коментарите се добредојдени.

Слики од родененот на Благојче

Настан на кој сите збеснавме беше роденденот на Благојче кој го прослави во ресторанчето Ганза. Слики од сето тоа може да видите ако кликнете на сликата десно.