Димитар Таневски и Бинаса Дрндар - Главни организатори на OHrid JAM 2015
1. Што претставува настанот OHridJAM???
-OHrid JAM е еден вид на културна размена на интернационално ниво, помеѓу членовите на БЕСТ. Настанот се одржа од 2ри до 5ти Октомври, во хотелот Бетон покрај Охридското езеро. Најголема причина за организирање на оваа размена ни беше можноста за повторно да се видиме со другарите од другите земји, да им ги покажеме македонските знаменитости и обичаи, и секако остварувањето на нови пријателства.
2. По кој пат го организирате и колку учесници имаше?
-OHrid JAM 2015 е трет по ред настан од овој тип кој што БЕСТ Скопје го организира. Она што е убаво за ваквите настани е токму дружбата помеѓу млади луѓе од различни земји. Оваа година имавме околу 150 учесници и тоа од Португалија, Турција, Италија, Грција, Црна Гора, Хрватска, Данска, Шпанија, Србија, Шведска, Белгија, Франција, Норвешка, Русија,Романија, Украина, Словачка и Германија.
-OHrid JAM 2015 е трет по ред настан од овој тип кој што БЕСТ Скопје го организира. Она што е убаво за ваквите настани е токму дружбата помеѓу млади луѓе од различни земји. Оваа година имавме околу 150 учесници и тоа од Португалија, Турција, Италија, Грција, Црна Гора, Хрватска, Данска, Шпанија, Србија, Шведска, Белгија, Франција, Норвешка, Русија,Романија, Украина, Словачка и Германија.
3. Според фидбекот кој го добивте од учесниците, која им беше омилена дневна а која ноќна активност
-Омилена дневна активност им беше крстарењето со брод по Охридското езеро. Додека пак од вечерните забави, омилени им беа интернационалната вечер, на која што беа презентирани разновидни традиционални јадења и пијалоци од сите присутни земји, и забавата со флуоресцентни бои.
4. Претставете го својот тим со кого соработувавте и на кратко опишете како ви течеше соработката?
-Ние двајца бевме главните организатори на овој настан а нашиот тим беше составен од вкупно 9 суперхерои кои што, секој со својата посебна моќ, успеа да изреализира еден прекрасен настан. Мало објаснување во врска со суперхероите. Како и самиот настан кој што беше тематски и на секој учесник му беше доделена посебна моќ, така и во самиот Кор Тим секој поединечно беше суперхерој. Енергијата и посветеността која секој Кор Тимовец ја имаше кон настанот придонесе за супер комуникација и соработка. Овој тим беше тим по дефиниција, работевме и размислувавме како едно. Одлична дружба и уште поодлична завршена работа.
5. Која ви беше мотивацијата да бидете главни организатори на ваков настан?
-Димитар: Член сум на BEST повеќе од две и пол години, и до сега сум учествувал на скоро сите видови настани коишто се организираат и на локално и на интернационално ниво во нашата организација. Најмногу од сите ми се допаѓаат така наречените JAM-ови, и затоа кога беше решено дека ќе организираме настан од ваков вид, решив да се пријавам за главен организатор. Најголема мотивација ми беше можноста да бидам домаќин на сите учесници, остварувањето на многу нови пријателства, и секако желбата да бидам дел од еден супер тим со чија помош направивме незаборавен настан и за нас, и за сите учесници.
-Бинаса: Моето БЕСТовско патување започна токму на настан од овој вид, па така штом беше пуштен повикот за главен организатор на ЏЕМот, не се двоумев ни секунда. На вакви настани најчесто се среќаваат стари пријатели, се стекнуваат нови, има одлична дружба и споделување на БЕСТовски приказни и искуства. Токму овие работи беа мотивацијата да се пријавам за главен организатор, за да водам и бидам дел од тим кој што ќе организира едно вакво кул случување. И сега, откако се помина, можам да кажам дека беше едно од најубавите искуства во мојот живот.
повеќе фотографии може да погледнете ТУКА.
No comments:
Post a Comment