1. Каде беше одржан мотивацискиот викенд и каква беше атмосферата таму?
- Мотивацискиот викенд беше одржан од 11-13
декември во планинарскиот дом Вртешка, на наша огромна среќа викенд со преубаво, сончево време. Ова беше
нашиот прв мотивациски викенд откако сме членови во БЕСТ и само со еден збор да
кажеме дека сме презадоволни не може доволно да го долови чувството, со оглед на
тоа што сепак сè уште си ги собираме импресиите од тие 3 дена. Запознавање на
нови пријатели, зближување со оние кои веќе ги познаваш, забава каква што со
сигурност не може да се најде на друго место, интересни муабети додека се
буткаме за топло место пред каминот и еден куп преубави спомени е она што секој
од нас го доби како плус искуство од овој викенд.
2. Како изгледаше еден од деновите?
- Денот таму ни започуваше со едно интересно
будење од страна на оние кои поради некоја причина беа будни уште во 8 часот
сабајле (меѓу кои и ние две :D), па веднаш потоа по доручекот следуваа team building игри, односно мали игрички со цел
подобро меѓусебно да се запознаеме придружени со многу забава и смеење. Она што следуваше е всушност
главниот дел од мотивацискиот викенд, а тоа се сесиите. За оваа цел беше дојден Адам, тренер
од БЕСТ во Солун кој ги држеше овие сесии, со кого имавме прекрасно искуство
бидејќи тој беше навистина спремен за сесиите и даде сè од себе да ги приближи
до нас и притоа да ни биде интересно и постојано да имаме интеракција и активно
да учествуваме во нашите сесии.
Првата сесија беше на тема BKT
(Best
knowledge transfer), при што имавме
можност да дознаеме сè за БЕСТ како
организација, почнувајќи од раните почетоци до денешната структура и начинот на
функционирање.
Сесијата пак од вториот ден беше за Feedback, односно што вистински означува, какви
видови има и како правилно да дадеме повратен одговор на некој кој го побарал
или не го побарал тоа од нас. На крајот на вториот ден имавме и Alumni Stories, интересни
приказни од алумните за нивните искуства во БЕСТ, како и многу корисни совети
од прва рака. После ова имавме и мини кино, каде што го гледавме анимираниот филм Hero 6, по иницијатива на
Бинаса, нашиот HR (human
resources), а по завршувањето на филмот следеше и
објавување на апликацијата Baymax,
каде што секогаш кога таа нема да може да биде физички
присутна со нас, ќе можеме да бидеме поврзани со неа, во врска со какви било
проблеми кои би можеле да ги имаме (можеби и најемотивниот дел од мотивацискиот викенд).
И на крајот на секој ден, доаѓа забавата! Многу
музика, танцување, забавување, повторно некои мали игри и еден куп незаборавни
спомени!
3. Кога ќе има следен пат ваков мотивациски викенд и кој се може да се приклучи на истиот?
- Наредниот ваков мотивациски викенд ќе се
оддржи кон почетокот на март и ќе биде отворен за сите
членови на БЕСТ, но секако и за оние кои што би сакале да се приклучат во нашата
организација. Ние нестрпливо ги броиме деновите до следниот,
а вие?
Повеќе фотографии може да погледнете ТУКА.