Моите БЕСТ фотографии


Се присетувам... Хахаха, насмевка на моето лице и одеднаш треперење на срцето. Не можам да се радувам. До душа - можам, ама на работ сум да заплачам. Ми се измешаа чувствата. Станав алумни. Не ми изгледа воопшто својствено за мојот темперамент.


И додека ја читав честитката од Елени... Милион спомени енергично ми поминаа низ глава. Ги отворив најгорните фиоки исполнети со спомени: тефтерот од БЕСТ, листови - БЕСТ, БЕСТ, БЕСТ, и поститсот ми се со БЕСТ моменти, ќесичките од JobFair, карти што сум патувала, финансиски извештаји... Визитки: мои, од тебе, од него, од неа, од една фирма, од друга фирма... Ете ми ги и name-tags. Ох, човече, колку ги има... Како сум успевала?

Ете ми го и албумот со фотографии... Боже, колку е голем. Настани, родендени, викенди, скари, патување, аеродроми, возови... Ах, спомени...

Чекај, чекај... Хахаха, каква фотографија, Блаже и јас во количка на едно тркало, Кристофорос од Солун покриен со македонското знаме... Хахахах, слика каде сите сме на лизгалки, а Симоне е бос на мразот... Се присетувам, вака почнав!

Наредната страница... Оооооо, мојот роденден во канцеларија. Сите сме: и БЕСТ-овци и ИАЕСТЕ-овци и дечките од Сојуз. Сега ми текна, алумните не дојдоа тогаш >:I Зарем не знаевте дека ќе ве сакам сите вас повеќе од сите останати? =)

Ете ја сликата со Goodbye ROMA и јас како плачам пред Римската полиција =/

Курсот на Илина... Ајваријадата во Богомила! Хахаха, јас, Елени и Мало со кантите сирење и со ќумбињата. Сум си напишала под сликата: Симон, Елен и Мал! XD Се сеќавам се прекрстивме тогаш во машки имиња =) Ете ја и Мало со преврзан прст на рака. О Симона, Симона!

Париз... Париз!!! Може ли да биде толку прекрасен??? ...И пак JobFair, фамозниот курс 2009. Среќа во овој мој “албум“ можам да ставам и видеа. Ете го провокативното видео со Мулен Руж! Каква вечер!!! =) Еј, некој не сликал мене, Елени и Ивана како носиме пакети со гравче-тавче од Чаршија =р Хахаха, ете сме и како го бришеме подот од барака 3... Никогаш не било тоа проблем за нас.

Вртам понатаму... Јас и Нина, јас и Нина на другата фотографија, и пак јас и Нина... Ах ете ги и странците на една кај што ја прават најголемата маичка, на плажа во Дојран. И пак јас и Нина, јас и Нин... Позерки што би рекла Софи! Хихихихи...

И злобната теткица од Еуротел ја има. Ббббб... Групната слика од сите учесници на Генералното собрание во Варшава... Фотографии од таа интернационална вечер... Хахаха, да не се тие - кој би се сеќавал што се случуваше?!

Родендени, прослави, пијанки, кафани... Премногу се! Ќе ми треба многу време за да си ги средам сите впечатоци.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли дека ме помести од оската на вртење? Не, не ме помести, туку ми ја смени цела насока на вртење... Сега денот ми почнува со едно сонце, жолто и топло и насмевки од луѓето што не познаваат и мене и тебе, а ги гледаме секојдневно низ градов.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли колку нови луѓе ми донесе во животот? Види ги, секој од нив е на посебна страна во мојот албум. И за секој имам посебна приказна.

Ќе ми треба мирен ден, некаде, сама, за да ги прочитам сите приказни од овие фотографии, што се проткајале овие три години.

Последниот том од досегашната моја биографија, уредно ќе го затворам и ќе го сместам на полицата со другите томови. Јас продолжувам понатаму со творењето на мојот живот.

А ти... Чувај се, зошто ми значиш!
Симона Ангелеска

3 comments:

Tomi said...

Среќно понатаму, и никогаш немој да престанеш да бидеш БЕСТовка :)

Blaze of Glory said...

Прекрасно напишано. И мене ми врати спомени. Плус на првата слика ме имаш спомнато па ;-)

Sofija said...

Јас еднаш се обидов да бришам стари маилови (од 2005 до 2010 скоро само БЕСТовски беа), какво бришење... почнав да ги читам еден по еден, курс по курс, настан по настан... маилови од првите луѓе што ги засакав у БЕСТ- Томи, Андреја, Ана, Црна... за фамозното Jamboree '05... маилови маилови еден тон... и на крај решив нема бришење- ке докупам гмаил простор и ќе си ги чувам... немам душа да ги избришам :) Софи