Импресии од летен курс во Лвив Украина



Димитар Крстевски за курсот во Лвив
После долг пат од 37 часа поминати во воз стигнав во Лвив. Желен за шетање решив сам да го најдам хостелот и да се сместам. Сместувањето помина во најдобар ред, освен тоа што никој во хостелот немаше појма за студентите од BEST. Планот се променил додека сум патувал, го смениле хостелот. Пратив порака до огранизаторот и додека чекав повратна информација решив да одам до центарот и да го разгледам градот (поголем од Скопје). Шетајќи низ градот стигна повратна SMS порака која гласеше: “Come to your hostel NOW!!!!”. Најбрзо што можев се вратив назад, ме чекаше девојката која требаше да ме пречека на железничката станица изморена барајќи ме. Така започна мојот летен курс.
Следуваше интернационалната вечер која започна со македонска ракија, па следуваше шанска сангрија,
porto wine, украинска и полска водка, фанцуски шампањ, па овошно пиво од Белгија и за крај Mongolian коктел (слој од пепси, пиво и водка) во 2dl чаша и се пие на екс. Искрено јас не сум по алкохолот, но гледајќи како другите се уживаат, и јас уживав исто толку.
Деновите поминати во Лвив беа незаборавни. Стануваш во 7 после нецели 2 часа спиење, доручкуваш и идеш на предавање од 9. Ручекот беше во 12, а за јадењето да не зборувам. Секој ден како предјадење имаше најразлична супа, која на изглед беше многу чудна а на вкус незнам
:). Главното јадење некогаш беше добро, а некогаш изгледаше супер а вкус немаше, сепак иако бирам многу што јадам кога бев гладен јадев чудни работи како гречка. По ручекот следуваа практични вежби, правење на wi-fi booster, touch screen и слични работи, а главната практична задача ни беше инсталирање на IP камера со поглед на стариот град во познатиот Dnister хотел во Лвив http://dnister.lviv.ua/en/about/web-camera
Преостанатиот дел од денот се поминуваше во забава и дружење. Ноќниот живот во Лвив е прекрасен, има голем број на пабови, секој со свој уникатен изглед како однадвор така и одвнатре. На врата те пречекуваат луѓе со пушки и те прашуваат за лозика, ако не ја знаеш нема влегување
:). Диско клубот кој го посетивме е прекрасен со 3 посебни стејџа. Украинките се премногу лубезни а особено со странци, уживаат да ги покажат своите играчки способности.
Имам уште премногу импресии од овој курс, како незаборавното езеро кое наликуваше како да сме во Кина а не во Украина, возот кој иако поголем од нашите беше премал за да ги собере сите патници, камперскиот викенд на Карпатите и дождот со кој се соочивме ....
Се прашувате зошто
BEST? Затоа што имав НЕЗАБОРАВНО лето со пријатели од цела Европа, научив доста нови работи и затоа што едвај чекам повторно да одам на некој курс, а да не се BEST таа шанса нема да ја имам.

5 comments:

Blagojce said...
This comment has been removed by the author.
Blagojce said...

Одличен текст, ме потсетува на мојот прв БЕСТ курс и импресиите после тоа. Толку многу нови искуства на едно место за толку кратко време... Мило ми е што БЕСТ сеуште го држи истиот дух. Диме, сега не ти преостанува ништо друго освен и ти да се придружиш на БЕСТ екипата во Скопје и да им пружиш на други вакво незаборавно доживување!

Aleksandar said...

Мојата омилена следна дестинација ми стана уште поомилена. Почит за постов :D

И ти посакувам уште многу други БЕСТ искуства, и да не заборавај ако ништо друго, барем да не посетиш во канцеларија кога и да можеш (и кога ние ќе сме таму :P)

alifaan said...

Blagojce секако, тоа е и моја цел.

alifaan said...

Blagojce после се она што јас го искусив од BEST секако дека ќе се придружам.