Исповед на еден алумни

Станав член на БЕСТ откако бев на летен курс во Љубљана, Словенија, во 2004 година. Таму видов дека БЕСТ е многу кул организација, каде работата и забавата се совршено измешани. Веднаш се вклучив во работата преку маркетинг тимот, каде својата креативност ја преточив во безброј промотивни материјали. Почна да станува поинтересно кога започнав да патувам на настани наменети само за членови, на кои запознав еден куп забавни луѓе, а некои од нив ми останаа и сегашни пријатели.

Локално, активно учествував со се поодговорни улоги во организацијата на сите настани додека бев член: 2 академски курса 2004/2005, 2 Job Fair-a 2005/2006, Jamboree 2005, многу презентации... Постепено стекнав многу искуство за презентирање, чуство за организација и тимска работа. Вештини кои немаше шанси да ги добијам ако останев обичен студент.

Во меѓувреме, многу се зближив со моите другари од БЕСТ Скопје и поголемиот дел од слободното време го минував со нив на планинарење на Водно и Пелистер, скара во Катланово, викенди во Охрид, излети на Матка, Нова Година во Белград, на театар, опера, балет, концерти, безброј родендени... Откако ја стекнав довербата меѓу останатите членови, бев избран за Одговорен за информатичка технологија и член на V-тиот борд на БЕСТ Скопје, на која позиција останав се до моето дипломирање на 1. декември 2006, кога и заврши мојата “кариера” како активен бестовец. Веднаш по дипломирањето се вработив во Макпетрол А.Д. на позиција апликативен програмер.

А искуството? Искуството во БЕСТ е непроценливо и незаборавно!

1 comment:

mitko said...

Оцена (5)

:)