1. Кажи ни што претставува RМ Delft на кратко. Кои BEST локални групи беа дел од него и колку луѓе имаше вкупно?
-Regional Meeting Delft 2015 е интернационален настан кој се случуваше оваа есен (14.10 - 18.10) во холандскиот град Делфт, при што членовите се запознаваат подобро со функционирањето на BEST преку учествување на тренинг сесии за меки вештини.
Можат да учествуваат поискусни но и понови членови на BEST. Присуствуваат и тренери и кординатори од интернационалните тимови,регионалниот советник и претставник од интернационалниот борд. Но тука се и членовите од партнерската студенска организација BONDING, како и партиципанти кои се надвор од регионот, како на пример што бев јас. :)
Конкретно присуствуваа 9 локални BEST групи: Делфт, Брисел, Брисел УЛБ, Парис Супелек, Лиже, Торино, Рим,Нанси и Ерланген. Па така си запознав мноогу нови пријателчиња од овој северо-западе регион.
2. Какви се сесии имаше и која беше твоја омилена?
-Меки вештини, case study за подобрување на Регионот и BEST, работилници од Интернационалните тимови и извештаи за тековните проекти.
Најомилена сесија ми беше работилницата од страна на ТиГро (Интернационалниот Тим за Тренирање) во која ни презентираа како се организира тренерски настан координиран од нивна страна.
3. Што очекуваше да научиш од сесиите и дали тоа се оствари?
-Очекував да дознаам и да бидам воведен повеќе во интернационалното работење на нашата организација и да присуствувам на тренинг за некои меки вештини кои не сум знаел дека постојат.
Моите очекувања се остварија тотално,еве ме си се вратив во Скопје со проширени хоризонти, многу знаење и огромна мотивација.
4. Покрај сесиите,дали имаше време да шетнеш и во градот?
-Да да секако, не шетавме само во центарот на Делфт, туку организаторите ни организираа и специјална посета на универзитетската зона на Техничкиот Универзитет, кој е всушност и еден од најдобрите политехнички универзитети во Европа. Како една од најинтересните активности би можел да го издвојам екстремното качување на карпи во специјализирана тренинг просторија.
Сите оние кои што се сте размислувале за учествување во ваков тип на настан - не двоумете се, ќе запознаете мноогу нови пријатели, прекрасни спомени а и неверојатно е со колку многу ново знаење ќе се здобиете.