Првиот мотивациски викенд на Катерина со БЕСТ!!

Доколку сакате мала промена во  вашето секојдневие, мојот совет дефинитивно е мотивацискиот викенд. Едноставно сакав малку да се  одалечам од Скопје, да дознаам нови работи и запознавам нови луѓе. На еден од состаноците на БЕСТ се спомна мотивацискиот викенд кој го организираат, сите кажуваа само добри зборови, па тоа ме копкаше и јас да се пријавам. Морам да признаам дека се што кажуваа, се беше вистина. Почнувајќи од 2та километри кои требаше пешки да се одат, убавиот камин, тренинг сесии од кои има што да се научи, па се до ноќните журки, интересните игри и убавата дружба со сите присутни таму.  


Иако траеше само 3 дена, кога се вратив имав чувство како да било многу подолго. По самото пристигнување во петокот почнавме со игри за запознавање меѓусебе што стварно помогнаа, затоа што поголем број од присутните не ги знаев. Ги имавме тренинг сесиите, кои ми помогнаа да го зголемам моето знаење, како за БЕСТ Скопје, така и за БЕСТ како организација на интернационално ниво. 


Иии најзабавниот дел, ноќните журки кои беа супер организирани, верувам дека сите имаат убави спомени од нив, а од мене доволно е да кажам дека имав недостаток од сон и се тоа затоа што не сакав да легнам за случајно да не испуштам нешто. Овој викенд стварно беше мотивација за продолжување со активностите во БЕСТ и дефинитивно ќе ми остане во сеќавање. J




Катерина Михаилова