Моите импресии од Егејскиот Регионален Состанок
ОРГАНИЗИРАН ОД ЛБГ СКОПЈЕ
Помина многу малку време откако станав член на БЕСТ,
а веќе почнав да ја чуствувам магијата. Само што заврши
еден прекрасен настан организиран од БЕСТ Скопје, Егејскиот Регионален
Состанок. Дојдоа делегати од сите ЛБГ-а од Егејскиот регион, Истанбул,
Истанбул-Јилдиз, Анкара, Измир, Атина, Солун, Ханиа, Подгорица и Ниш, па дури
имаше и специјални гости од Германија и Полска.
Од преголемите обврски на факултетот не стигнав да го видам вистинското
лице на Регионалниот Состанок, академскиот дел, предавањата кои беа држани од
тренери од Турција, Грција,... Како и да е, наслушнав од другите учесници и од
некои членови на нашето ЛБГ дека било прекрасно и навистина жалам зошто не
отидов. Но тоа е, понекогаш некои работи мора да ги жртвуваме.
Покрај академскиот дел за кој само наслушнав дека бил прекрасен, мене многу
ми се допадна оној другиот дел, наречен ЗАБАВА. Забавите беа прекрасни, со
многу играње и лудување до раните утрински часови со неуморните учесници. Од
Тао, преку Хавана до Вулкан, најразновидни јадења на Интернационалната вечер и
многу распеани луѓе. Самите вие свртете ги профилите на
социјалните мрежи на некои од нас, членовите на БЕСТ
Скопје, и ќе најдете слики, сликани од самите учесници и проценете како било и
дали вие би можеле да го опишете со зборови. Јас ви кажувам дека тешко се
опишува, мора да се доживее. Тоа е БЕСТ.
За крај сакам да потенцирам дека овој настан ми го
промени погледот кон БЕСТ и она што е БЕСТ. Слушајќи од учесниците дека на
предавањата било многу интересно и забавно, се обработувале многу интересни
теми, решив летово навремено да си ги завршам обврските од факултетот, за да
можам мирно во почетокот на сончевиот јули да му се посветам на Летниот
Академски Курс во комплетна организација на БЕСТ Скопје и тотално да им се
посветам на предавањата кои ќе бидат опфатени и на забавата со учесниците.
“WORK
HARD, PARTY HARDER” – BEST
Дамјан Милошевски