Импресии од летен курс во Ајндховен, Холандија

Симона Серафимовска за летниот курс Come on baby, light my fire во Ајндховен
Многу успешна програма за така мал град од 300.000 жители, замислете намаше ни еден досаден момент...викенд во холандско село и викенд во Амстердам, со сите салтанати :)))Со еден збор курс од соништата...не ми е јасно како можеа сите партиципанти да се погодат со карактерите и се да биде така едноставно и забавно...За организацијата морам да ги пофалам Холанѓаните, замислете целиот транспорт за време на курсот беше со велосипед, поточно сите имавме свој...дури возевме и до селото(25км). Професорите за мерак, предавањата повеќе од интересни, а тестирањето формалност...подобро не можеше да испадне....
Така што, мили мои потенцијални БЕСТовци, да не бев веќе дипломирана и да немав учествувано на 3 курса, воопшто немаше да се мислам дали да се пријавам за следната сезона...
Поздрав, Симона

Моите БЕСТ фотографии


Се присетувам... Хахаха, насмевка на моето лице и одеднаш треперење на срцето. Не можам да се радувам. До душа - можам, ама на работ сум да заплачам. Ми се измешаа чувствата. Станав алумни. Не ми изгледа воопшто својствено за мојот темперамент.


И додека ја читав честитката од Елени... Милион спомени енергично ми поминаа низ глава. Ги отворив најгорните фиоки исполнети со спомени: тефтерот од БЕСТ, листови - БЕСТ, БЕСТ, БЕСТ, и поститсот ми се со БЕСТ моменти, ќесичките од JobFair, карти што сум патувала, финансиски извештаји... Визитки: мои, од тебе, од него, од неа, од една фирма, од друга фирма... Ете ми ги и name-tags. Ох, човече, колку ги има... Како сум успевала?

Ете ми го и албумот со фотографии... Боже, колку е голем. Настани, родендени, викенди, скари, патување, аеродроми, возови... Ах, спомени...

Чекај, чекај... Хахаха, каква фотографија, Блаже и јас во количка на едно тркало, Кристофорос од Солун покриен со македонското знаме... Хахахах, слика каде сите сме на лизгалки, а Симоне е бос на мразот... Се присетувам, вака почнав!

Наредната страница... Оооооо, мојот роденден во канцеларија. Сите сме: и БЕСТ-овци и ИАЕСТЕ-овци и дечките од Сојуз. Сега ми текна, алумните не дојдоа тогаш >:I Зарем не знаевте дека ќе ве сакам сите вас повеќе од сите останати? =)

Ете ја сликата со Goodbye ROMA и јас како плачам пред Римската полиција =/

Курсот на Илина... Ајваријадата во Богомила! Хахаха, јас, Елени и Мало со кантите сирење и со ќумбињата. Сум си напишала под сликата: Симон, Елен и Мал! XD Се сеќавам се прекрстивме тогаш во машки имиња =) Ете ја и Мало со преврзан прст на рака. О Симона, Симона!

Париз... Париз!!! Може ли да биде толку прекрасен??? ...И пак JobFair, фамозниот курс 2009. Среќа во овој мој “албум“ можам да ставам и видеа. Ете го провокативното видео со Мулен Руж! Каква вечер!!! =) Еј, некој не сликал мене, Елени и Ивана како носиме пакети со гравче-тавче од Чаршија =р Хахаха, ете сме и како го бришеме подот од барака 3... Никогаш не било тоа проблем за нас.

Вртам понатаму... Јас и Нина, јас и Нина на другата фотографија, и пак јас и Нина... Ах ете ги и странците на една кај што ја прават најголемата маичка, на плажа во Дојран. И пак јас и Нина, јас и Нин... Позерки што би рекла Софи! Хихихихи...

И злобната теткица од Еуротел ја има. Ббббб... Групната слика од сите учесници на Генералното собрание во Варшава... Фотографии од таа интернационална вечер... Хахаха, да не се тие - кој би се сеќавал што се случуваше?!

Родендени, прослави, пијанки, кафани... Премногу се! Ќе ми треба многу време за да си ги средам сите впечатоци.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли дека ме помести од оската на вртење? Не, не ме помести, туку ми ја смени цела насока на вртење... Сега денот ми почнува со едно сонце, жолто и топло и насмевки од луѓето што не познаваат и мене и тебе, а ги гледаме секојдневно низ градов.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли колку нови луѓе ми донесе во животот? Види ги, секој од нив е на посебна страна во мојот албум. И за секој имам посебна приказна.

Ќе ми треба мирен ден, некаде, сама, за да ги прочитам сите приказни од овие фотографии, што се проткајале овие три години.

Последниот том од досегашната моја биографија, уредно ќе го затворам и ќе го сместам на полицата со другите томови. Јас продолжувам понатаму со творењето на мојот живот.

А ти... Чувај се, зошто ми значиш!
Симона Ангелеска

Импресии од летен курс во Лвив Украина



Димитар Крстевски за курсот во Лвив
После долг пат од 37 часа поминати во воз стигнав во Лвив. Желен за шетање решив сам да го најдам хостелот и да се сместам. Сместувањето помина во најдобар ред, освен тоа што никој во хостелот немаше појма за студентите од BEST. Планот се променил додека сум патувал, го смениле хостелот. Пратив порака до огранизаторот и додека чекав повратна информација решив да одам до центарот и да го разгледам градот (поголем од Скопје). Шетајќи низ градот стигна повратна SMS порака која гласеше: “Come to your hostel NOW!!!!”. Најбрзо што можев се вратив назад, ме чекаше девојката која требаше да ме пречека на железничката станица изморена барајќи ме. Така започна мојот летен курс.
Следуваше интернационалната вечер која започна со македонска ракија, па следуваше шанска сангрија,
porto wine, украинска и полска водка, фанцуски шампањ, па овошно пиво од Белгија и за крај Mongolian коктел (слој од пепси, пиво и водка) во 2dl чаша и се пие на екс. Искрено јас не сум по алкохолот, но гледајќи како другите се уживаат, и јас уживав исто толку.
Деновите поминати во Лвив беа незаборавни. Стануваш во 7 после нецели 2 часа спиење, доручкуваш и идеш на предавање од 9. Ручекот беше во 12, а за јадењето да не зборувам. Секој ден како предјадење имаше најразлична супа, која на изглед беше многу чудна а на вкус незнам
:). Главното јадење некогаш беше добро, а некогаш изгледаше супер а вкус немаше, сепак иако бирам многу што јадам кога бев гладен јадев чудни работи како гречка. По ручекот следуваа практични вежби, правење на wi-fi booster, touch screen и слични работи, а главната практична задача ни беше инсталирање на IP камера со поглед на стариот град во познатиот Dnister хотел во Лвив http://dnister.lviv.ua/en/about/web-camera
Преостанатиот дел од денот се поминуваше во забава и дружење. Ноќниот живот во Лвив е прекрасен, има голем број на пабови, секој со свој уникатен изглед како однадвор така и одвнатре. На врата те пречекуваат луѓе со пушки и те прашуваат за лозика, ако не ја знаеш нема влегување
:). Диско клубот кој го посетивме е прекрасен со 3 посебни стејџа. Украинките се премногу лубезни а особено со странци, уживаат да ги покажат своите играчки способности.
Имам уште премногу импресии од овој курс, како незаборавното езеро кое наликуваше како да сме во Кина а не во Украина, возот кој иако поголем од нашите беше премал за да ги собере сите патници, камперскиот викенд на Карпатите и дождот со кој се соочивме ....
Се прашувате зошто
BEST? Затоа што имав НЕЗАБОРАВНО лето со пријатели од цела Европа, научив доста нови работи и затоа што едвај чекам повторно да одам на некој курс, а да не се BEST таа шанса нема да ја имам.

Дипломски поздрави и честитки


Оваа година неколку сегашни и поранешни членови на БЕСТ станаа академски граѓани, а еден член доби алумни статус. Софи, Џо и Злате сега се електроинженери. Ивана и Елена станаа дипломирани економисти, Анела и Аце - фармацевти. Алек Р. е етнолог, а Симона - земјоделски инженер. Алек Н. е алумни.
Честито дипломи и уште повеќе успеси во иднина.