Ден на слободен софтвер 2007, сабота, 15 септември [Точка, Магор, Мала станица]

На 15 септември (сабота) е „Ден на слободниот софтвер“ и ќе биде одбележан на повеќе места во Скопје.

Според spodeliznaenje.blogspot.com:

Дискови со слободен софтвер ќе се делат од 11 до 18 часот во кафе книжарницата Магор и културниот центар Точка. На овие места ќе има и презентации во живо на оперативниот систем GNU/Linux. Се што треба да направите е да дојдете и да си земете CD. Во Точка и Магор ќе има и искусни корисници на GNU/Linux од кои ќе можете да добиете совети за тоа како да го инсталирате софтверот или одговори на други прашања кои можеби сте ги имале за слободниот софтвер.

Вечерта со почеток во 20 часот во Мала станица (Медиум) ќе има проекција на филмот „Good Copy, Bad Copy“, и ако останат, ќе има уште дискови за делење.

„Тркалезна маса“

Официјално БЕСТ ќе организира настан именуван како `Тркалезна маса` која ќе биде посветена на компаниите - соработници на БЕСТ, воедно и за потенцијалните партнери на нашата драга организација. Ова е прв наш настан од типот на "Company Care" и "Getting Feedback".

Главниот организатор - Кичо (Кристијан Демерџиев) е правата личност за ваков настан, сметајќи го неговото големо искуство и спремноста да организира и менаџира и многу посложени проекти, а зад него стои цел тим подготвен да се соочи со овој предизвик.

Настанот ќе биде од локално ниво и ќе се одржи на почетокот на неомври. Замислата е сите компании да имаат свои излагања за нивното досегашно искуство со БЕСТ, нивните погледи околу потребата од БЕСТ (како организација која учествува во дополнителното образование), иден млад кадар во нивните компании и можностите и облиците за меѓусебна соработка. БЕСТ Скопје од своја страна ќе ги презентира своите активности, својата подготвеност и важноста компаниите да бидат вклучени во настаните на БЕСТ.

Со овој проект БЕСТ ќе ја подигне соработката и комуникацијата со компаниите за едно скалило погоре, сѐ со цел усовршување на идните настани и активности.