Конечно..!
Конечно дојде крајот и на овoj исцрпувачки поход, популарно наречен „јануарско-февруарска сесија“! Ви се верува? Да, да, дефинитвно заврши, и тоа на сите факултети, па дури и на ЕТФ (ФЕИТ де, добро!).
За да се прослави еден настан од таква величина, и за да се соберат сили за следниот семестар и следниот настан на БЕСТ (IPF 2007), мала група БЕСТовци во саботата одлучи да се релаксира, и тоа со добропроверениот рецепт наречен „домашна забава“.
За повеќе информации, ќе ги прашате преживеаните.. упс, гостите, а еве неколку слики за во меѓувреме да ја задоволите својата љубопитност.
Инаку, резултатите од саботната вечер се: неколку epten модерни чаши (сте виделе чаша за вино без ногарка?), средна накај голема флека од сангрија на тепих, пронајдени 1 машки каиш, 1 златна алка и 1 очила (со многу слаб диоптер), многу полни пепелници (туу, што пушачи ќе бевте!), 7 ќеси полни со ѓубре и неколку „црни дупки“ во меморијата на одредени личности :)
Наравоучение: на домашни БЕСТ забави, не доаѓајте со каишеви или очила и секогаш служете го пијалакот во пластични чаши :DDDD
Ехехееее слики од постари настани на БЕСТ...
Пред едно месец дена пишав дека ставив мноооогу слики од постари настани на БЕСТ, на http://picasaweb.google.com/ababamov. Беше ветено дека скоро ќе има уште, па конечно ставив ууууште повеќе слики. Сега (скоро) сè што имам од слики од БЕСТ на компјутерот, може да најдете на горнио линк. Има вкупно 24 албуми, а скоро 2000 слики. Што би рекол Трендо, "ајде на сркање" :D...
Теми: слики
Ѕверчето^WЅвериштето на сцена
Малку да се насмеете во овие тешки денови на испити и пиење на пиво во канцеларија после испити :-) Сите сличности со нашето ѕверче^Wѕвериште се ненамерни и случајни.
Теми: видеа
БЕСТ Тоурс
from ask meСиноќа добивме ваков меил. Не е првпат некој да помисли дека БЕСТ е туристичка агенција.
to skopje@best.eu.org
date Feb 3, 2007 6:30 PM
subject cao
me interesira eden bilet za thailand kolku koshta?
Оние коишто сакаат да патуваат можат да го сторат тоа преку бесплатните академски курсеви. Доколку ве примат, превозот ќе мора сами да си го организирате. Се разбира ние ќе ви помогнеме колку можеме.
Исповед на еден алумни
Станав член на БЕСТ откако бев на летен курс во Љубљана, Словенија, во 2004 година. Таму видов дека БЕСТ е многу кул организација, каде работата и забавата се совршено измешани. Веднаш се вклучив во работата преку маркетинг тимот, каде својата креативност ја преточив во безброј промотивни материјали. Почна да станува поинтересно кога започнав да патувам на настани наменети само за членови, на кои запознав еден куп забавни луѓе, а некои од нив ми останаа и сегашни пријатели.
Локално, активно учествував со се поодговорни улоги во организацијата на сите настани додека бев член: 2 академски курса 2004/2005, 2 Job Fair-a 2005/2006, Jamboree 2005, многу презентации... Постепено стекнав многу искуство за презентирање, чуство за организација и тимска работа. Вештини кои немаше шанси да ги добијам ако останев обичен студент.
Во меѓувреме, многу се зближив со моите другари од БЕСТ Скопје и поголемиот дел од слободното време го минував со нив на планинарење на Водно и Пелистер, скара во Катланово, викенди во Охрид, излети на Матка, Нова Година во Белград, на театар, опера, балет, концерти, безброј родендени... Откако ја стекнав довербата меѓу останатите членови, бев избран за Одговорен за информатичка технологија и член на V-тиот борд на БЕСТ Скопје, на која позиција останав се до моето дипломирање на 1. декември 2006, кога и заврши мојата “кариера” како активен бестовец. Веднаш по дипломирањето се вработив во Макпетрол А.Д. на позиција апликативен програмер.
А искуството? Искуството во БЕСТ е непроценливо и незаборавно!