13ти роденден на БЕСТ Скопје
За повеќето март е месец на пролетта, но за нас БЕСТовци – март е месец за роденденска журка! По повод 13тиот роденден на БЕСТ, на 7ми март беше одржана најоткачената роденденска забава во Скопје (а можеби и пошироко), кога БЕСТ Скопје конечно стана тинејџер!
По исцрпни две недели поминати во подготовки и планирање, се журкавме во клуб Penguin на најсветски начин - со забава на тема Around the world! Нè имаше од секаде - Шпанија, Франција, Шкотска, Африка, Америка, Русија, Англија, Хаваи и многу други земји.
За нас, Main Organisers, организирањето на роденденот како прво и најинтересно искуство досега во БЕСТ можеме да кажеме: We had the time of our lives! Целиот процес на планирање се одвиваше во рок од 2 недели, ја одбравме темата на работната група каде присуствуваа околу 25 БЕСТовци полни со идеи. Таму назначивме одговорни за маркетинг, спонзорства и музиката. Ние заедно со нашето тимче си работевме, маркетинг ни направија совршен постер (кој што го забележавте горе на статијата), слаткарниците беа дарежливи и ни направија преубави торти, а беше пуштена и листа на мејл каде секој си придонесе со две-три хитчиња. Откако го најдовме најдоброто место за журката – Penguin Club, се потрудивме да посветиме многу внимание на деталите и украсите за да направиме ептен Around the world атмосфера.
Планирањето знаеше да ни одземе повеќе време, но сè тоа вредеше бидејќи крајниот резултат беше одличен! Имавме неколку стресни моменти – како на пример невозможната мисија да донесеме огромна табла од канцеларијата до клубот и назад – но, сега знаеме дека барем имаме навистина забавна приказна за раскажување.
На крај, доживеавме какво е задоволството да добиваш позитивен фидбек од сите кои што присуствуваа на забавата! Презадоволни сме од тоа како сè испадна, од гостите (коишто го испочитуваа дрес кодот) и од сите што ни помогнаа роденденот да го достигне својот највисок потенцијал! Едноставно така функционира БЕСТ Скопје како организација, а почитта и работата водат кон успех и најубави журки – тоа што нè привлече и на самиот почеток – пријатната атмосфера и амбициозен дух. Сите среќни и задоволни (6те торти ептен помогнаа во тоа) се изнажуркавме најмногу што можевме и навистина си поминавме најубаво на свет! ;)
Ве сакаат Јана и Мила!
Импресии на Сандра за Локалното Генерално Собрание на БЕСТ Скопје
Како си помина делегацијата на ЛБГ Скопје во Хања, Грција
Првиот мотивациски викенд на Катерина со БЕСТ!!
Доколку сакате мала промена во вашето секојдневие, мојот совет дефинитивно е
мотивацискиот викенд. Едноставно сакав малку да се одалечам од Скопје, да дознаам нови работи и
запознавам нови луѓе. На еден од состаноците на БЕСТ се спомна мотивацискиот
викенд кој го организираат, сите кажуваа само добри зборови, па тоа ме копкаше
и јас да се пријавам. Морам да признаам дека се што кажуваа, се беше вистина.
Почнувајќи од 2та километри кои требаше пешки да се одат, убавиот камин,
тренинг сесии од кои има што да се научи, па се до ноќните журки, интересните
игри и убавата дружба со сите присутни таму.



















