Верификационо собрание, 25 јануари 2014
Како си помина Сандра за Нова година во Гданск, Полска
EBEC, БЕСТ и Јас...
Температурите опаѓаа, а еуфоријата во БЕСТ растеше, се ближеше EBEC – инженерскиот натпревар. Растрчани на сите страни, членовите се трудеа се да биде организирано до најмал детал. Се мораше да биде совршено. А и беше. Барем тие што беа дел од настанот знаат. Оваа година возбудата ја пренесовме во просториите на Seavus Education & Development Center, каде се одржуваше настанот од 4 до 6 декември.
Се започна со свеченото отварање, и форумската расправа на тема „Разидувањето што постои помеѓу она што бизнисот го бара и она што образованието го обезбедува". Интересно е да се слушнат мислењата на претставници од компаниите, професори, а и самите студенти. Засегнати од овој проблем, сите ги изнесоа своите ставови и мислења за тоа како да се надминат разликите и колку всушност се превзема во моментот.
Вториот ден беше резервиран за првата категорија од натпреварот, односно Case study. Во овој дел се натпреваруваа 6 тима, кои имаа задача да дизајнираат робот кој ќе управува со отпад. Овде најдобро ја прикажаа имагинацијата и креативноста, но и дел од своите знаења. Бев импресионирана од тоа колку детално беше разработена темата, и колку креативни решенија беа презентирани. Сепак, еден тим се истакна од другите, а тоа е Fast forward, кои ќе не претставуваат во овој дел од натпреварот во Ниш.
На третиот и последен ден од EBEC, уште 6 тима имаа можност да ги покажат своите способности во категоријата Team design. Овде натпреварувачите дизајнираа Слободнолетачки Мали Авиони наречени Гумењачи, бидејќи погонот на кој се движат е гумен ластик. Освен функционалниот дел, требаше да се обрне внимание и на дизајнот. 6те тима одлично ја сработија задачата, и многу се забавувавме за време на презентацијата, кога се летаа авиончињата. Деталните пресметки на тимот Orange и добрата презентација им ја донесоа победата и шансата да не претстават на балкаскиот EBEC. Но, на некој начин сите беа победници со самото тоа што учествуваа во натпреварот, дадоа се од себе, и го покажаа тимскиот дух.
Ова навистина беше прекрасно искуство за мене, како нов член на БЕСТ, и сум сигурна дека и во иднина ќе продолжиме да организираме успешни настани.
Данче Лазарова
Петто издание на локалниот БЕСТ Инженерски Натпревар (EBEC) во соработка со Сеавус Едукативниот и Развоен Центар
Како си помина Ангела во Лисабон, Португалија?
Моите импресии од летниот курс во Киев, Украина
Е-маил од БЕСТ.org со известување дека сум примен на летниот курс
во Киев. Тоа беше сосема неочекувано бидејќи речиси и имав заборавено на мојата
апликација. Иако патот до Киев е долг, како авантурист по природа решив да
патувам со воз. Се договорив со уште една учесничка од Црна Гора да се чекаме
во Белград. Патот беше возбудлив. Сретнавме многу студенти од различни делов на
Европа. Кога пристигнавме во Киев бевме
пречекани на железничка станица и сместени во студентскиот дом каде се запознавме
со другите учесници на академскиот курс. По сместувањето имавме прошетка низ
градот ,а вечерта забава. Следниот утро имавме воведно предавање за да
попладнето се упатиме на одморалиште на крајбрежјето на Киевското езеро. Таму
престојувавме два дена каде имаше предавања за тимска работа како и лекции по
Украински јазик.
Ова беше прекрасно искуство кое нема да го заборавам. Беше навистина лудо и незаборавно(клише реченица) ама стварно беше така. Како мој прв курс, тоа што го доживеав беше повеќе од тоа што го очекував. Прави БЕСТовски забави и дружење со бестовци од цела Европа. Дружба,забава и учење , музика , шеги и смеа. За крај што можам да кажам дека вреди да се посети Киев, организаторите се стварно добри, забавите прекрасни. Летото во Киев беше најдоброто лето што сум го имал до сега.





























