Импресии од beKNOWN8



Работилницата beKNOWN е настан кој е наменет за членовите на БЕСТ кои се заинтересирани да работат во областа на маркетингот и односите со јавноста. Еден многу важен елемент како за секоја организација или компанија, така и за нашата студентска организација. Маркетинг полето во БЕСТ е доста интересно и креативно, вклучува осмислување на маркетинг кампањи, дизајн на постери, изработка на видеа, веб страни и бидејќи се работи за студентска организација која таргетира млади луѓе, дозволува развивање на имагинацијата во сите насоки. Како студент по архитектура најмногу се пронајдов во ова поле, но освен моите познавања од дизајн, за жал немав некои особени познавања од маркетинг или односи со јавноста. Затоа решив да се пријавам на beKNOWN, зошто иако тоа е настан кој е прилично интензивен со тренинзи и предавања, знаев дека после него ќе се вратам подготвена да го применам целото знаење во БЕСТ Скопје и да го подобрам квалитетот на маркетинг тимот.

Веста дека сум една од 20-те избрани од многуте пријавени студенти од цела Европа ме израдува премногу, прво зошто ми се даде супер шанса да научам повеќе за она што ме интересираше, а второ зошто работилницата се одржуваше во Брно, Чешка, земја која сеуште ја немав посетено. Во Брно бевме пречекани од прекрасни организатори-студенти како нас, кои со голема посветеност се грижеа за се што ни требаше, а тренинзите и предавањата беа водени од тренери кои се исто така членови на БЕСТ. Тренерите посебно ме воодушевија, бидејќи беа сите млади луѓе, некои и помлади од мене, но сепак крајно професионални и посветени на она што го работат во нашата организација. За мене претставуваа бескрајна мотивација за да се пронајдам себеси во ова поле и ми дадоа можност да увидам дека можам да постигнам многу повеќе отколку што самата имав проценето за себе дека можам. Другите учесници беа исто така голема можност да научам нови работи, сите беа крајно мотивирани и заинтересирани на предавањата, а во она малку слободно време беа секогаш расположени за дружење и забава. Иако секој од нас доаѓаше од различна држава и културна позадина, сите заедно формиравме тим, станавме едно и се зближивме многу. На оваа работилница, освен што научив многу работи кои немаше на друго место каде да ги научам запознав и стекнав неверојатни пријатели со кои сеуште комуницирам и се надевам дека уште многу пати ќе ги сретнам во животот. Но најмногу од се, благодарна сум на она што го научив за себе и за огормната мотивација што овој настан ми ја даде да работам повеќе и постојано да се развивам. Му благодарам на БЕСТ што постои како организација и се надевам дека со мојата работа ќе вратам барем дел од она што тој на мене ми го даде.
И еве скоро една година подоцна, БЕСТ Скопје ја има честа да го организира и да биде домаќин на овој тренинг настан. Она што мене ме инспирираше и мотивираше да работам во БЕСТ Скопје изминатава година, доаѓа во Скопје и сите членови на БЕСТ Скопје имаат шанса да го видат и искусат од блиску. Се надевам дека магијата на beKNOWN и мотивираноста на учесниците кои доаѓаат ќе биде пренесена на нашите членови и тие како и јас ќе имаат голем бенефит од овој настан, како во полето на знаењата за нашата организација, така и лично. Организирањето е веќе започнато, работиме со љубов и се надеваме на уште еден успешен настан во организација на БЕСТ Скопје. Се гледаме на beKNOWN!

                                                                                                                                
Маја Даскаловска

Културна Размена Скопје-Барселона-Варшава



Кој би рекол дека само 6 дена може да ме направат горда за нешто кое што се организирало подолго време и во кое било вложено многу, многу труд.            
Културна размена 2012 помеѓу три градови: Барселона, Варшава и нашето мило и мало Скопје. Три прекрасни градови со безброј културни знаменитости што многумина мечтаат да ги посетат. Три градови чија посета ни донесе нови пријателства, и можност да уживаме во нова традиционална храна, пијалоци и музика. Ни донесе програма исполнета со: безброј прошетки, посети на музеи, катедрали, безброј забави и дружења, а честа да се организира истата, кај нас, ја имав јас заедно со Симона Ангеловска и тимот на БЕСТ-Скопје.

         
 Без двоумење и со голема мотивираност ја превземав улогата за главен организатор, убедена дека истата ќе ја закити мојата, навидум млада кариера во БЕСТ-Скопје, со едно големо, ново и многу важно искуство.            
Познавајќи се себе си, и своите способности лесно се вклопив во целата „игра“ која секако ја играв заедно со „мојот“ тим од луѓе, кои со иста мотивираност како и мојата, помогнаа во успешното реализирање на целиот настан. А во целата оваа „игра“ јас научив многу работи: како да работам тимски, како да си го организирам времето, како да комуницирам и преговарам со институции, компании, со Амбасади. Научив што значи да си одговорен и колку енергија е потребно за сето тоа, но и колкаво задоволство носи убавиот збор слушнат од учесниците на крајот.          
  
Целата организација на 6 дена, нам ни одзема два месеци интензивна подготовка се со цел Учесниците од Барселона и Варшава да уживаат бесплатен престој во Македонија, со обезбедена храна, социјални активности и прошетки. На истиот начин, 20 наши студенти уживаа во убавините на Барселона и Варшава во Февруари и Јули, оваа година, со што Тројната културна размена беше целосно реализирана.      
      
Повеќе од потребно е да се спомене дека сето ова немаше да биде успешно без поддршката на дел од компаниите од Македонија. Дел од прехрамбените производи беа промовирани пред странските студенти, притоа давајќи им можност на студентите да уживаат во нашето македонско. Финансиската поддршка од друга страна пак ни овозможи да ги запознаеме гостите со нашата култура, традиција, посетувајќи други градови, музеи и знаменитости. Секако, тука ќе ги соменеме и факултеите и Полската и Шпанската амбасада за неизбената поддршка што ни ја дадоа во текот на настанот.            
Како заклучок ќе кажам: новите предизвици во нашите животи не тераат да сме упорни, да успееме, а секоја убаво завршена работа не прави горди, самоуверени и мотивирани за нешто ново.
            Фросина Ангелеска           

Со кои доживувања си заминуваат студентите кои ја посетуваат Македонија?

10 дена за некој претставуваат само ново место. Нова дестинација која ќе ја впишат на листата поминати места. Уште едно убаво искуство. Но 10 дена за БЕСТ-members се многу повеќе од уште една помината дестинација”.  Со следново се надевам ќе ви ја доловам призмата во која ние и студентите од другите земји сме сведоци.

Им се чувствува возбудата, онаа нормална возбуда дека посетуваш ново место.  Можеби да помало во однос на другите атрактивни европски дестинации дел од БЕСТ, но изборот од нивна страна оди токму во Македонија, зошто претставува некое далечно место, место со свои навики и традиционални обичаи. Место кое по се се разликува од другите држави кои веќе се и звучни по име и по поголем процент посетени во однос на помалку развиените. Љубопитноста за оваа мала држава со големо срце им нараснува и тие се повеќе и повеќе аплицираат и сакаат да бидат дел од оваа енергија што ја шириме. Со топлина и насмевка на нашите лица ги дочекуваме. И од тој момент веќе ништо не  е исто за нив, а исто толку и за нас. Започнуваат да уживаат како никогаш до сега, да се радуваат на секој дел од нас што не прави Македонци. Обземени се од нашата отвореност и пријатност. Од нашата комуникативност и менталитет. Од нашата желба да се поврземе со нив и да направиме да бидат и они дел од нас. Играме и се смееме. Пееме до раните утрински часови. И на крајот на денот нема еден од нив што не ја знае  македонско девојчеJ. Неверојатно е колку може човек да се опушти помеѓу луѓе кои се странци само до првиот момент на запознавање. Колку човек може да се зближи и да се поистоветува со тие луѓе кои го поминува секој момент од денот. Дури и да се само тоа 10 дена. Толку многу се пронаоѓаш себе си и си ја сакаш оваа верзија од тебе што ја гледаш низ тие луѓе. Кои токму истите ја предизвикуваат. Несвесно се присвојуваш за сé. Се исполнуваш . И чувството на припаѓање е посилно од било кога и знаеш дека ова сега и тука не е само дестинација, не е само место со рандом нови луѓе. Туку место на здружување и градење односи  низ моменти кои  никогаш не остануваат само во рамките на настанот. Што е една од најубавите работи за мене, впрочем.
Има една карактеристика која го опишува секој БЕСТ-овец, а тоа е желбата да шета и да запознава луѓе од различни култури. Да се измеша во нив и целосно да ужива. Тогаш како е возможно да не бидеш среќен и исполнет кога го правиш тоа? Како е возможно да не си поминеш убаво и да не се забавуваш?
Така и тие, доаѓаат и си заминуваат од Македонија. Со спомени кои прават да се чувствуваат како да биле присутни во неа една година, а не десет неа. Побогати со култура која порано била непозната за нив. Побогати со луѓе кои не ни знаеле дека постојат, а сега станале основен круг на нивното постоење. Заљубени во нас и во искуствата заемни, секогаш се враќаат на местото во кое започна се за нив- Македонија.

Марија Марковска

Магијата на Presidents Meeting


БЕСТ. Организација. Студенти. Среќни студенти. Флексибилност. Радост. Насмевки. Настани. Македонија. Европа. Култура. Забава. Пријателства. Учење. Традиции. Академска надограба. Љубов. Работа. Магија. Ова не се само наредени зборови. Ова е дел од секојдневието со БЕСТовскиот начин на живот.
Оваа година, иако како полноправен член на БЕСТ и ново избран претседател, ми се случи нешто ново, многу различно од досегашните БЕСТ настани на кои сум била. Не беше ни налик на Академските курсеви, Едукативните тренизи, Образовните работилници или пак Мотивациските Викенди кои што се организираат во БЕСТ ширум Европа.


Ми се случи како што БЕСТовците љубат да кажат ПМ, Presidents’ Meeting. Едно од двете Генерални Собранија, еден од двата најофицијални настани кои секоја година се организираат во БЕСТ. Настан кој броеше 200 учесника од цела Европа, претседатели на сите БЕСТ групи од разни европски градови, настан на кој гордо седиш позади името на твојот град и земја, дискутираш и гласаш во името на сите останати членови на твојата БЕСТ група, затоа што тие решиле ти да бидеш тој, решиле дека ти веруваат доволно и се обидуваш тие 7 дена, и оваа година да го обелиш образот на БЕСТ Скопје. Овој ноември Копенхаген беше центар на БЕСТовско дружење, разменување на идеи, разговори и многу поделени насмевки помеѓу повеќе од 30 земји.
Овој настан, за мене беше посебен од повеќе причини. Освен што беше мое прво Генерално Собрание, ме поттикна на размислување. Бидејќи после овој настан, јас го сменив мојот одговор зошто сите членови на БЕСТ зборат за БЕСТовската магија. Зошто магија?
Велат, ако сакаш некому да посакаш нешто убаво, посакај му убави мигови вредни за паметење. Бидејќи миговите поминати во убави чувства се паметат вечно, не греат и во најладната зима, нанесуваат насмевка на лицата и во најосамените денови.
Затоа јас на сите студенти би им го посакала БЕСТ. Бидејќи БЕСТ го дава се она што е вредно за паметење, за кое споменав на почетокот. А за магијата? БЕСТ ги дава најмагичните денови, моменти, настани, разговори, погледи. И мене омилениот дел, никогаш незнаеш кога ќе ти се случи најмагичното нешто. БЕСТ секогаш ти дава повеќе и повеќе. И кога мислиш дека си го достигнал врвот, БЕСТ те носи на повисокиот.
И тогаш, мене ми се случи ПМ. Мојата магија.

Ивана Чапалова

И јас бев дел од собранието


Собранието на организацијата БЕСТ се случува два пати во годината и е официјален настан, кој за разлика од неделните состаноци има различен карактер. Секој состанок во БЕСТ е исполнет со многу насмеани, позитивни луѓе кои шират љубов, и секој состанок си поминувам убаво, дознавам различни работи за организацијата и различни случки кои што им се случиле на некои од членовите. Иако сум млад член решив да присуствувам на собранието затоа што знаев дека иако е официјален настан, секако ќе биде исполнет со насмевки и позитивна енергија што ја шират членовите во БЕСТ. Друг фактор кој што допринесе јас да присуствувам на собранието беше тоа што сакав да дознаам повеќе за тоа како функционира оваа организација, што всушност претставува да бидеш член.На собранието присуствуваа повеќето од полноправните членови, целиот борд на организацијата и уште околу дваесетина од помладите членови. На состанокот на наше големо задоволство присуствуваше и алумни членот Златко Трајчевски кој што го водеше собранието. За тие шест саати колку што траеше собранието, нашето ЛБГ доби нови единаесет полноправни членови, еден нов алумни член, беше избран новиот борд и беа одбрани главните организатори за Job Fair. Пред да бидат избрани, секој од нив треба да каже зашто смета дека заслужува и зашто треба да го изберат, без разлика дали се одбираа полноправни членови или пак новиот борд. Овој дел за мене беше најинтересен затоа што беа раскажани многу случки што им се случиле на членовите за време на ЛАК или на Job Fair, за смешни моменти во кои што се нашле, и секако дознав нови работи за сите што се дел од БЕСТ Скопје. На крајот на собранието сите заедно отидовме да се дружиме во поопуштена атмосфера, да јадеме, зборуваме, да си раскажуваме бесотвски приказни од минатото. Сето тоа беше исполнето со смеа, љубов, малце алкохол и секогаш насмеаните лица на БЕСТовци.

Рушка Бабич

All the (sustainable) roads lead to Rome

Нетрпеливо го чекав 19-ти јуни и постојано ја проверував web страната иако знаев дека ништо нема да има пред дадениот рок. Вечерта не сакав да ја отворам страната од трема, па излегов и пробував да не мислам на тоа. Ја отворив страницата во 2 часот и ги видов најнеочекуваните зборови испишани: Congrats! You were accepted! Не ми се веруваше дека сопрвата и единствена апликација сум примена! Иако знаев дека октомври е далеку, сепак две недели бев во еуфорија како да ќе одам утредента J. На 3-ти октомври тргнав изутрината за Софија (поефтини летови нели), па од таму пристигнав во Рим. На Фиумичино ги почекав куферите прилично долго време (italian time бил изразот што подоцна го дознав J), поради што ја пропуштив половината од Welcome party L. Кога конечно стигнав со воз на Термини, беше прекрасна и топла ноќ во Рим. Хостелот беше многу блиску, но поради багажот трнав со такси. Mи се јави главниот организатор Даниеле, загрижен поради моето доценење. За 15 минути се сместив и пресоблеков во хостелот и Даниеле и уште неколку организатори дојдоа да ме земат и да ме однесат во еден парк во близината кадешто поголемиот дел од учесниците и организаторите веќе беа пристигнати и седеа во прилично голем сиркул J (круг изговорен на италијанско-англиски што подоцна стана повик за сите игри). Потоа следуваше моето претставување и една певлива песничка која одеше: “Who’s from Macedonia stand up, stand up, stand up…” при што ми беа дадени неколку чаши вино кои морав да ги испијам веднаш J. Понатаму се играа игри и сите се запознававме меѓусебе, секој сакаше да поразговара со секого, некои беа срамежливи, а некои кои подоцна дознав дека се поискусни со БЕСТ, тотално опуштени. Откако заврши забавата се вративме во хостелот.

Јас бев сместена со уште 6 други учесници, Кристобал и Марио од Шпанија, Педро од Португалија, Ајда и Неа од Словенија и Адела од Словачка. Утредента имавме свечено отварање на курсот на универзитетот Сапиенца, на кое присуствуваше и деканот и ни одржа говор за добредојде. Учесниците на курсот беа студенти од различни области: машински инженери, хемиски инженери, архитекти (како мене), биолози, електро инженериСекој ден имавме предавања, организаторите имаа предвидено прилично напорен распоред бидејќи сакаа да добиеме по 2 ЕКТС кредити, па имавме малку слободно време за прошетки низ Рим, но сепак во времето предвидено за City Rally и другите активности, ги видовме најзначајните знаменитости на градот. Во предавањата беа предвидени и посети на центарот за истражување на соларна енергија ENEA, посета на национален парк и Techno Town, кадешто можевме да ја согледаме практичната примена на одржливите системи. Вечерните забави беа незаборавни, секоја вечер беше прекрасно организирана, било да се одржуваше во просториите блиску до универзитетот или пак некаде низ градот. Така една вечер имаше Rubic cube Party, една вечер бевме на плоштадот San Lorenzoкадешто се собираат сите студенти од цел Рим и атмосферата е преубава, една вечер бевме во областаTrastevere во која се наоѓаат многу барови и мали кафулиња, една вечер не однесоа надвор од Рим во нешто слично како нашите кафани а ја нарекуваат Fraschetta, една вечер беше резервирана за дискотека и една вечер беше Интернационална вечер... Сепак најубавиот дел од целиот курс за мене беше викендот кој беше резервиран за камп надвор од Рим. Местото во кое бевме се вика Сабаудиа, има огромна и преубава песочна плажа, а времето беше прекрасно па успеавме дури и да се бањаме во море. Кампот беше изнајмен само за нас – околу 40 луѓе, учесници и организатори, спиевме во бунгалови а за јадење готвевме неизбежна паста за која добивме лекции од италијанците како се прави на правилен начин и научивме дека колку и да се трудиме неможеме да ја направиме правилно на италијанскиот начин J. Вечерните забави беа проследени со многу алкохол, игри и пеење, а една вечер беше резервирана за Cantus. Тоа беше воедно и најубавата вечер од целиот курс. После викендот сите бевме многу поблиски и имавме чувство дека се знаеме многу долго време. Италијанците ми оставија прекрасен впечаток, сите беа премногу фини и љубезни, организаторите се потрудија да не ни недостига ништо и да имаме се што ќе посакаме. По менталитет се многу слични со нас македонците, уживаат во забава, добар сеир и трач (за gossip wall-от бевме задолжени девојчињата од Балканот и италијанките) и знаат да направат одлична атмосфера. Само ни се налутија бидејќи се жалевме за тоа дека јадеме премногу паста (обожавам паста, но два пати во денот дури и за мене беше премногу J). Храната што ја добивавме беше прекрасна и покрај неизбежната паста што ја јадевме како предјадење. Последната вечер беше Farewell Party која сите ја доживеавме емотивно, секој сакаше со секого да се поздрави и да си дораскаже она што останало некажано... Ни поделија мали книги во кои секој требаше на секого да му напише по некој збор и сите си ветивме дека sometimes, somewhere we’ll do it again again again, а доколку не… We will always have Rome!

Маја Даскаловска


Импресии од есенски курс во Барселона

19ти јуни. You got accepted for AC BCN September 2010. Леле цело лето го чекав cептември. И нормално си го најдов најевтиниот начин да отидам во Барселона, преку Wizz Air од Софија. Па, за Софија и немам многу што да кажам, освен дека е многу мрачна и луѓето се стварно нерасположени за комуникација.
Стигнав во Барселона :) И требаше да отидам на meeting point со групата али авионот слета покасно па требаше сам да се снајдам во Барселона и да го најдам хостелот. Но хостелот во сам центар, па немав многу проблеми. Си фатив автобус од аеродром до Plaza Espana, кај што се магичните фонтани, па си фатив метро и си го најдов New York хостел. Првите бестовци што ги запознав беа Пере, Пере и Пере, тројцата огранизатори кои беа во брзање за да ја однесат храната за Welcome party каде што беа сите останати. И така со нив отидов на универзитетот UPC и ги запознав сите. Бевме 22 учесници и 30-40 домаќини. Учесниците сите програмери (nerds) како мене, сите по малку срамежливи али после првите игри веќе сите како да се знаевме од претходно.


И така се започна, после првата ноќ со многу сангрија, сабајлето мораше да се стане. И како и секое друго сабајле имавме многу креативни начини на будење, со многу песни, различни неартикулирани звуци и милите Каталонци кои се обидуваа на секој начин да не разбудат зашто постојано касневме на часовите. Но двајцата професори не ни замеруваа, дури и не охрабруваа да не го пропуштаме ноќниот живот во Барселона, кој е најдобриот во Европа. Дури и едниот професор ни даде контакт од синот за да не внесел во дискотека, но немаше потреба зашто домаќините не не оставија ни евро да потрошиме а не па да платиме влез во дискотека. Е добро сега шопингот си беше на наш терет :D
Академскоит дел беше доста интересен за нашата област, кој беше на Master ниво, но се снајдов некако да ги разберам работите, иако често на часовите гледав фаци што спијат. Темата беше Дистрибуирани системи, а научивме нешто повеќе и за Cloud Computing, алгоритмот на Paxos и програмскиот јазик Erlang. Го посетивме и најголемиот суперкомпјутер во цела Шпанија, кој до пред неколку години бил трет во светот али Американциве и Кинезиве немаат стопирачка, па сега е околу 20ти. Исто бевме и во Научниот музеј во Барселона, кај што видовме многу интересни експерименти.
Од Барселона не остана ништо што не посетивме. Цели денови ни беа организирани во шетање, часови и забави. Курсот траеше 11 дена од кои 6 имавме по 4-5 часа на ден, а се друго ни беше за уживање. За викенд бевме во Тарагона на плажа. И мојот роденден беше таму, на плажа и во вода, со многу изненадувања. Имавме Surfer's party и многу незаборавни моменти како и целото време во Барселона.
Каталонската култура ми остана во срце, храната е прекрасна, многу месо и компири, кромиди, домати и што уште не. Крема Каталана не се пропушта нормално, а сангријата е секојдневие. Правевме и кули од луѓе пред премиерот на Каталонија, зашто баш тие денови беше фестивалот Мерсе, и на улиците имаше секакви дешавки. А за затварањето огномет кај магичните фонтани, со стетлосни ефекти и синхронизирана музика. Каталонците се луѓе со најпозитивниот дух што сум го сретнал до сега. Насмеани, весели, гласни, отворени и многу потопли од нас. Постојано мислат на забава и не пропушатаат вечер а да не излезат барем до некој локален бар. Е сега не знам дали ова важи за сите Каталонци али БЕСТовците се стварно забавни луѓе.
Секоја вечер си имаше своја тематика, Doctor's party (со докторски игри), Surfer's party (роденден на плажа), Интернационална вечер (и не се сеќавам што се не пробав), Cantus (познато за БЕСТ), Pub Crawling (за ова не смее многу да се зборува, а не пак слики на ФБ да се ставаат), Cоctail Chill Out Party (chilling со коктелчиња), Fire dance party (фантастично лудување под оган).
За ова искуство имам уште многу да кажувам али и касно е веќе, а и неделава ми е колоквиумска, па и да поучам нешто не ќе биде лошо. Крајно би сумирал
BEST people, BEST city, BEST parties, BEST organizers, BEST human towers, BEST UPC, BEST Merce, BEST Sangria, BEST fire-dance, BEST fountains, BEST shots, BEST EVERYTHING
Дефинитивно едно од најдобрите искуства што сум ги имал, и нормално нема да ги пропуштам и другите две шанси да аплицирам на БЕСТ курс.

Горан Пискачев