Импресии од летен курс во Ајндховен, Холандија

Симона Серафимовска за летниот курс Come on baby, light my fire во Ајндховен
Многу успешна програма за така мал град од 300.000 жители, замислете намаше ни еден досаден момент...викенд во холандско село и викенд во Амстердам, со сите салтанати :)))Со еден збор курс од соништата...не ми е јасно како можеа сите партиципанти да се погодат со карактерите и се да биде така едноставно и забавно...За организацијата морам да ги пофалам Холанѓаните, замислете целиот транспорт за време на курсот беше со велосипед, поточно сите имавме свој...дури возевме и до селото(25км). Професорите за мерак, предавањата повеќе од интересни, а тестирањето формалност...подобро не можеше да испадне....
Така што, мили мои потенцијални БЕСТовци, да не бев веќе дипломирана и да немав учествувано на 3 курса, воопшто немаше да се мислам дали да се пријавам за следната сезона...
Поздрав, Симона

Моите БЕСТ фотографии


Се присетувам... Хахаха, насмевка на моето лице и одеднаш треперење на срцето. Не можам да се радувам. До душа - можам, ама на работ сум да заплачам. Ми се измешаа чувствата. Станав алумни. Не ми изгледа воопшто својствено за мојот темперамент.


И додека ја читав честитката од Елени... Милион спомени енергично ми поминаа низ глава. Ги отворив најгорните фиоки исполнети со спомени: тефтерот од БЕСТ, листови - БЕСТ, БЕСТ, БЕСТ, и поститсот ми се со БЕСТ моменти, ќесичките од JobFair, карти што сум патувала, финансиски извештаји... Визитки: мои, од тебе, од него, од неа, од една фирма, од друга фирма... Ете ми ги и name-tags. Ох, човече, колку ги има... Како сум успевала?

Ете ми го и албумот со фотографии... Боже, колку е голем. Настани, родендени, викенди, скари, патување, аеродроми, возови... Ах, спомени...

Чекај, чекај... Хахаха, каква фотографија, Блаже и јас во количка на едно тркало, Кристофорос од Солун покриен со македонското знаме... Хахахах, слика каде сите сме на лизгалки, а Симоне е бос на мразот... Се присетувам, вака почнав!

Наредната страница... Оооооо, мојот роденден во канцеларија. Сите сме: и БЕСТ-овци и ИАЕСТЕ-овци и дечките од Сојуз. Сега ми текна, алумните не дојдоа тогаш >:I Зарем не знаевте дека ќе ве сакам сите вас повеќе од сите останати? =)

Ете ја сликата со Goodbye ROMA и јас како плачам пред Римската полиција =/

Курсот на Илина... Ајваријадата во Богомила! Хахаха, јас, Елени и Мало со кантите сирење и со ќумбињата. Сум си напишала под сликата: Симон, Елен и Мал! XD Се сеќавам се прекрстивме тогаш во машки имиња =) Ете ја и Мало со преврзан прст на рака. О Симона, Симона!

Париз... Париз!!! Може ли да биде толку прекрасен??? ...И пак JobFair, фамозниот курс 2009. Среќа во овој мој “албум“ можам да ставам и видеа. Ете го провокативното видео со Мулен Руж! Каква вечер!!! =) Еј, некој не сликал мене, Елени и Ивана како носиме пакети со гравче-тавче од Чаршија =р Хахаха, ете сме и како го бришеме подот од барака 3... Никогаш не било тоа проблем за нас.

Вртам понатаму... Јас и Нина, јас и Нина на другата фотографија, и пак јас и Нина... Ах ете ги и странците на една кај што ја прават најголемата маичка, на плажа во Дојран. И пак јас и Нина, јас и Нин... Позерки што би рекла Софи! Хихихихи...

И злобната теткица од Еуротел ја има. Ббббб... Групната слика од сите учесници на Генералното собрание во Варшава... Фотографии од таа интернационална вечер... Хахаха, да не се тие - кој би се сеќавал што се случуваше?!

Родендени, прослави, пијанки, кафани... Премногу се! Ќе ми треба многу време за да си ги средам сите впечатоци.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли дека ме помести од оската на вртење? Не, не ме помести, туку ми ја смени цела насока на вртење... Сега денот ми почнува со едно сонце, жолто и топло и насмевки од луѓето што не познаваат и мене и тебе, а ги гледаме секојдневно низ градов.

Ах, ти БЕСТ, знаеш ли колку нови луѓе ми донесе во животот? Види ги, секој од нив е на посебна страна во мојот албум. И за секој имам посебна приказна.

Ќе ми треба мирен ден, некаде, сама, за да ги прочитам сите приказни од овие фотографии, што се проткајале овие три години.

Последниот том од досегашната моја биографија, уредно ќе го затворам и ќе го сместам на полицата со другите томови. Јас продолжувам понатаму со творењето на мојот живот.

А ти... Чувај се, зошто ми значиш!
Симона Ангелеска

Импресии од летен курс во Лвив Украина



Димитар Крстевски за курсот во Лвив
После долг пат од 37 часа поминати во воз стигнав во Лвив. Желен за шетање решив сам да го најдам хостелот и да се сместам. Сместувањето помина во најдобар ред, освен тоа што никој во хостелот немаше појма за студентите од BEST. Планот се променил додека сум патувал, го смениле хостелот. Пратив порака до огранизаторот и додека чекав повратна информација решив да одам до центарот и да го разгледам градот (поголем од Скопје). Шетајќи низ градот стигна повратна SMS порака која гласеше: “Come to your hostel NOW!!!!”. Најбрзо што можев се вратив назад, ме чекаше девојката која требаше да ме пречека на железничката станица изморена барајќи ме. Така започна мојот летен курс.
Следуваше интернационалната вечер која започна со македонска ракија, па следуваше шанска сангрија,
porto wine, украинска и полска водка, фанцуски шампањ, па овошно пиво од Белгија и за крај Mongolian коктел (слој од пепси, пиво и водка) во 2dl чаша и се пие на екс. Искрено јас не сум по алкохолот, но гледајќи како другите се уживаат, и јас уживав исто толку.
Деновите поминати во Лвив беа незаборавни. Стануваш во 7 после нецели 2 часа спиење, доручкуваш и идеш на предавање од 9. Ручекот беше во 12, а за јадењето да не зборувам. Секој ден како предјадење имаше најразлична супа, која на изглед беше многу чудна а на вкус незнам
:). Главното јадење некогаш беше добро, а некогаш изгледаше супер а вкус немаше, сепак иако бирам многу што јадам кога бев гладен јадев чудни работи како гречка. По ручекот следуваа практични вежби, правење на wi-fi booster, touch screen и слични работи, а главната практична задача ни беше инсталирање на IP камера со поглед на стариот град во познатиот Dnister хотел во Лвив http://dnister.lviv.ua/en/about/web-camera
Преостанатиот дел од денот се поминуваше во забава и дружење. Ноќниот живот во Лвив е прекрасен, има голем број на пабови, секој со свој уникатен изглед како однадвор така и одвнатре. На врата те пречекуваат луѓе со пушки и те прашуваат за лозика, ако не ја знаеш нема влегување
:). Диско клубот кој го посетивме е прекрасен со 3 посебни стејџа. Украинките се премногу лубезни а особено со странци, уживаат да ги покажат своите играчки способности.
Имам уште премногу импресии од овој курс, како незаборавното езеро кое наликуваше како да сме во Кина а не во Украина, возот кој иако поголем од нашите беше премал за да ги собере сите патници, камперскиот викенд на Карпатите и дождот со кој се соочивме ....
Се прашувате зошто
BEST? Затоа што имав НЕЗАБОРАВНО лето со пријатели од цела Европа, научив доста нови работи и затоа што едвај чекам повторно да одам на некој курс, а да не се BEST таа шанса нема да ја имам.

Дипломски поздрави и честитки


Оваа година неколку сегашни и поранешни членови на БЕСТ станаа академски граѓани, а еден член доби алумни статус. Софи, Џо и Злате сега се електроинженери. Ивана и Елена станаа дипломирани економисти, Анела и Аце - фармацевти. Алек Р. е етнолог, а Симона - земјоделски инженер. Алек Н. е алумни.
Честито дипломи и уште повеќе успеси во иднина.

Инспирирана од Генералното собрание на БЕСТ 2010, Варшава

ГА... Го видов тоа што го очекував, ама не ги очекував овие пријатни чувства што преовладуваат во мене... =)

Патувавме цели 48 часа, со едвај спиење зошто куферите мораше да ги чува некој. Фред не посоветува да се движиме лево-десно за да не заспиеме, ама мускулите на нозете ни беа толку вкочанети што едвај можевме да отидеме до информационата табла за да прашаме кога е нашиот автобус/воз. Затоа зборевме. Ги споделувавме нашите импресии од последното патување. И Васе ќе праша: која е енергијата што ве тера да поминувате толкав пат, да поминувате толку време, да не спиете, да трошите пари за оскудни сендвичи и салати...? Седејќи во “plenary“ ги испуштав одредени презентации зошто размислував и се чудев на енергијата што не соединила толку многу луѓе со иста цел. Дури пријатно несфатливо е како овој наш БЕСТ се одржува толку време. БЕСТ расте енормно брзо. Свесни сте за тоа? И јас би им се придружила на солзите на новите ЛБГ бебиња кои се радуваа на новиот статус.

250 луѓе ја пееја: Summer of 69... Those were the BEST days of my life!!! Зарем нема да Ве наежи звукот на ударите на маса додека чекаме за новата презентација? Зарем нема да ви разнежни глетката дека 250 луѓе застанати во средина на сала играат на Simply the BEST како мали деца на свеченото затворање на ГА? Јас се разнежнив, верувајте. =)

И ние имаме live streaming за да можете сите да следите како се грижиме за една наше животно богатство, и ние имаме finger rules, и ние имаме перформанс за Tunak-tunk што и газдите на хотелите го играат, и ние имаме интернационална вечер со преку 30 маси, и ние имаме “дебилни“ wake up games кои сите ги играме, и ние имаме цела една огромна група на млади луѓе што исто како и ти одбрале да се дел од БЕСТ... И ете го Васе: зошто баш БЕСТ и зошто баш јас???

Баш заради ова прекрасно попладне кога наместо да учам, барам време да се видам со вас за да ви кажам како било, за да ви кажам коку вреди сето потрошено време, за да ви кажам дека луѓето и моментите споделени во БЕСТ, можеби и никогаш нема да можеме да ги заборавиме. Не сум БЕСТ-холик како што има низ Европава =), ама знам да го ценам она што не качува на погорните скалила во животот ;)

Поздрав до сите.
Симона

Само енергијата од луѓето може да те промени! 2 години од доаѓањето на Римјаните во МКД!

Еј луѓе,

Не знам дали баш на денов или за два-три наредни, ама сигурна сум дека правиме две години од кога беа Римјаните тука =) Да, се сеќавам на детали, се уште, зошто тоа е нештото што ме остави во БЕСТ. Не знам како, знам зошто, ама едноставно тогаш Ве запознав повеќето, секој на различен начин, со различни свртени муабети, со различен пристап... ;)

И прекрасно ми беше! И баш поради тоа сум инспирирана да го напишам ова. Да Ви пратам од мојата најпозитивна енергија за убаво расположение.

Се сеќавам на дочекот на луѓето на автобуска и колку бев незаинтересирана за нив, зошто беа пред се странци, неинспиративни за мојата НЕжелба да зборувам англиски =) Се сеќавам на заминувањето во Охрид и колку си чувствував грижа на совест што се пријавив да одам, а во БЕСТ бев само две-три недели. Се сеќавам како со поглед ги барав Софи, Кузо, Васе, во метежот од луѓе, зошто само нив ги знаев, а желба за нови луѓе тешко ми се јавуваше. Ете доказ дека и со лоша суровина, а добра технологија може да се добие добар производ =)))

...Се сеќавам на моето “точно на време“ доаѓање во канц. ама не знаев дека таму вечно се доцни. И немаше никој, јас си се мрзнев. Софи ми јави со порака да го земам клучот од старото скришно место, ама кога влегов внатре и видов какво е, се откажав и решив да си седам надвор, на свеж воздух =) Во канц ги запознав Дејан, Илина и Филип... Сите ми изгледаа како стари БЕСТ-овци. Се осеќав изгубено, ама природата ми налагаше да не се замарам.;)

...Се сеќавам колку сите се замараа кој ќе се вози во комбето, кој во новата кола на Нино...=) Јас бев среќна што за мене имаше место пазарено кај Софи. Немаше потреба да се смешкам и да се правам фина, додека се возам со непознати луѓе =) Се сеќавам на Стража и на борбата со топки. Јас млада и невина =р зошто не сакав да пружам отпор и да бидам и плус лигава, оставив да ме маваат со топки. Единствено што правев е што дигав нога, рака колку да не ме погоди топката. Ама од местото не се помрднував... Се сеќавам на моето запознавање со Симоне, иако не беше на моја иницијатива. Со овој момент се померив чекор нанапред и сега знаев 1 од 12 странци =). Среќа што типот изјави желба да ме дружи, зошто имавме исти имиња... Се сеќавам на зборот “сонцесто“ и на Џо, пирошките и мекиците на стража... :Ѕ Пардон!

Се сеќавам како бев оставена да си бирам со кој да спијам во црквата, а мене Софи ми ја немаше. Другите не ги знаев. Мало ме изигнорира, затоа и ја мразев =) Но, си добив прилика да се здружам со Блаже, па си спиевме во исто шкафче (собите ми личеа на шкафчиња). Се сеќавам на првата забава во диското, кога и самата си се чудев на себе си како сум толку опуштена и играм :о Се сеќавам на запознавањето со Ана, со Нино, со Алек... Барав начин да си докажам дека Ана е презабавна и позитивна како што предходно ми ја збореа, барав начин да го замуабетам Нино, зошто ми изгледаше на многу мистериозен...

Се сеќавам на вечерата во Езерце, кога дојдов, зошто Софи ме натера... И како орли ми се навртеа БЕСТ-овциве наши за да ми кажат колку им е мило што се дружам со нив... Фала, ќе го дознаев тоа и од насмевка на лицето =р Знам на Џо му беше роденден (мислам дека вечерта), а тој изгледаше толку меланхолично, што ТОА ми беше идејата да му дадам поклон, несекојдневен...=) Ништо друго...! И се сеќавам како го подготвував поклонот, па колку ми беше незгодно да му го дадам, зошто едноставно можев да бидам погрешно сфатена, што не ми беше во прилог =) Се сеќавам и како после таа вечер, ме тргнаа многу луѓе на страна за да ме прашаат од кај ми текнало да направам таков поклон, па уште и од каде инспирација да му го дадам нему... =р

Се сеќавам на Интернационалната вечер, кога од милион гости, Данче дојде мене да ме праша дали сакам да ја претставам МКД-ската маса...?!?!?... Секако дека на погрешно место се упатуваш =))) Јас не зборам англиски пред луѓе! Само на само! =р Таа вечер ВИДОВ најголем дел од луѓето со кои денес сум во постојан контакт.

Се сеќавам на лизгалиштето. За Симоне немаше број на лизгалки, па со чевли си стапкаше по мразот... Се сеќавам на вечерта во Хазард... Колку само не сакав да се дружам со нови фаци, а секаде бев со Вас =) Каква е таа енергија што ме терала... Вечерта во Б2... И таму бев присутна. Не пиев пиво, а добивав гага пијачки, па морав да ги делам на Џо, Ана, Блаже... Луѓето што беа околу мене ;)

Ах колку убаво ми беше. И секогаш ќе го раскажувам со невидена енергија... Од тогаш почна СЕ, што денес е причина да бидам ова што сум!!! Дојдов како сурово, неатрактивно девојче, незаинтересирано за луѓето, а како завршив - нека си дефинира секој сам ;)

Ве секам луѓе и посакувам исти чувства, со нови познаства, во нова средина ;)
Симона Ангелеска

Среќен почеток академци!!! =)

Инспирирана пред се од луѓето, а потоа од сите придобивки што како луѓе ги добиваме од БЕСТ, одвојувам неколку минути од животот да искуцам неколку реда реченици и да Ви посакам успешен старт и тек на новата академска година, на сите оние што сеуште го држат индексот во рака. Останатите - потсетете се за момент колку биле убави тие студентски денови =)

Имам да кажам милион работи што ги чувствувам за БЕСТ и што за секогаш ќе бидат сместени во стаклените витрини на мојот живот, без никој да смее да ги оштети =)

Драги мои, јас започнав пред точно две години и секој поминат ден во канц. и секоја помината минута со некој од Вас, ми претставува читање на нова и нова енциклопедија... И не жалам за потрошеното време, за потрошената енергија, за потрошените километри, потрошениот сјај за правење меурчиња, потрошениот тутун за наргилето, за поделените сендвичи, јаготки, кафиња, бисквитки со мармалад со познатите или непознатите, со пожелните или непожелните персони... Не жалам за ниту една забава, ниту еден роденден, ниту еден конфликт... И ќе тапацираме и ќе кречиме, и ќе го шетаме градов на 40 степени или со снег до коленици, и ќе пијуцкаме ракиичка со чуварот, ќе си се качуваме на маси по кафани, ќе се сакаме, ќе шетаме низ Европа, ќе се товиме со скара... Зошто тоа е најубавото нешто што БЕСТ ни го пружа и останува секогаш во мемориите да се раскажува.

Му благодарам на семоќниот што ми го “попречил“ патот со БЕСТ, зошто од тука излегувам како зрела личност спремна да се соочи со нормалните секојдневија во животот.

Ве сакам СИТЕ без исклучок!!!
Симона Ангелеска
// се надевам во новата група на клинци, конечно ќе има некој што е помал од мене, па со чест да му ја доделам титулата “Малечка“, што со гордост ја носам цели 2 години =)))