Lizga,lizga, lizganjeeee! ;-)

JobFair 2008

Job Fair е саем за вработување и кариера којшто БЕСТ Скопје го организира по четврт пат. Оваа година за прв пат саемот ќе го организираме на две локации: во просториите на Машински факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии (поранешен Електротехнички факултет) и во просториите на Грaдежен факултет и Архитектонски факултет.

Саемот ќе започне на 17 март со свечено отворање и презентација на истражување спроведено помеѓу компаниите, професорите и студентите. Во наредните четири дена во просториите на факултетите (18-19 на ФЕИТ и МФС, 20-21 на ГФ и АФ) ќе бидат поставени штандови каде што судентите ќе можат непосредно да контактираат со претставниците од компаниите.

Web-сајтот за JobFair '08 сеуште се подготвува, во меѓувреме може да го погледнете минатогодишниот сајт.

Причината за организирање на овој настан е недоволната поврзаност на студентите со компаните, и на компаниите со универзитетите. Сакаме да им покажеме на студентите дека не треба да се однесуваат пасивно во барањето квалитетно работно место исто како што компаниите не треба да се однесуваат пасивно во однос на факултетските образовни програми. Овие три субјекти се во заедничка спрега и треба да си помагаат еден на друг.

Лизгање, сликање, пируети, двојни аксели!!!!

Ееее богами потребно ни беше едно вакво размрдување и освежување у сред сесија!!!!

Сега да не видите, сите што бевме таму станавме те витки, те згодни,те се сликавме, те делевме автограми, те што не :-P

Ај се гледаме пак на лизгање у скоро време!
Поззз!



Фешти во Куманово за Бадник

Update: Слики

Како што е ред и оваа година Бадник си го прославивме во Куманово. Поведени од празнично расположение и авантуристички дух успеавме да се извлечеме од густата магла и да стигнеме "Kуде тумбе и три бандере" :):):)

Таму не дочекаа гостопримливи Кумановци и сите заедно го обиколивме Куманово, се ижуркавме најБЕСТовски како што знаеме, и што е најбитно од се кај и да се свртиш расни Кумановчанки за нашето БЕСТ друштвенце да има забава за цела вечер.
Предводени од Сања-Кумановка прво отидовме во VERSUS, место слично на Маракана, но по упорната желба на Васе да прави pub crawling, го напуштивме кафичот и отидовме во дискотеката:"Амнезија". Среќа што останав здрава и со добро сеќавање, па можам да споделам со вас некои интересни моменти:):):).

Се орасположивме и изнаигравме, музика во живо а во дискотека ):):) еееее кај го има тоа. Кај и да се свртиш длабоки деколтиња:):):) е да знаете што пропуштивте.
Кога сите се изморивме и огладневме,по инструкции на Мају додека баравме пекара и прв пат дознав дека првата улица десно е всушност петата улица десно :):):)

И на крај не најдовме ништо отворено за да се најадеме. Го прошетавме цел град, а некои и пешки по поројниот дожд и пак си отидовме со празни раце, а можеби и стомаци.
Само Злате знае колку му беше ТЕШКО кога ја враќавме Мају до дома.

Епа дечки следниот пат не мислете се дали да доаѓате или не. Значи кај и да си за Бадник во Куманово да си :):):):):).
Поздрав, Данче.

2008 - година на нови предизвици ;)

Здравоживо!!!

Почнува уште една нова година.... година во која многу нови малди луѓе ќе бидат допрени од БЕСТовскиот дух; дел ќе му се восхитуваат, дел ќе му се чудат, дел ќе го проживеат само за момент... а дел и ќе му се придужат!!!

Пред нас стојат многу нови настани и задачи кои ќе треба заеднички да ги оствариме. Пред нас стои и промената на генерации... нешто што поминува потајно, незабележливо, а нешто толку битно. Пополека нови дечки доаѓаат на сцена, нови сили со поразлични начини на работа, со поразлични идеи и размислување... како и на кој начин ќе го променат БЕСТовскиот дух... хммм, врмето ќе покаже, но знам дека едно е сигурно - БЕСТ секогаш ќе остане место на пријателство, учење, дружење и совладување на нови препреки!


И така, вчера за време на редовниот состанок, се собравме во новиот кубански бар Bodehuita (www.bodeguita.com.mk) и супер си поминавме. Со многу нови коктели, интересни мезиња (кој би рекој дека ќе јадеш чипс и од моркови, а? :P) и одлична музика. Плус, таму разиграни келнери и келнерки, па сите се фативме на ламбада и макарена ;)


Поздрав!
Васе







Јас и BEST и Јас и BEST таму!

На дваесет и пет и уште нeшто и на неколку испити и уште помалку до дипломирање јас им пристапив на една дружина млади (всушност, секако помлади од мене) луѓе кои заедно се викаат едно- BEST.
Личен е впечатокот и некако интимен за да го споделам со минимум два милиони потенцијални читатели на текстов затоа одлуката е да си го таам во себе и искрено да изјавам дека убаво е да се помине барем еден ден од животот во таквата... каква е не знам ама, во секој случај, e единствена BEST- атмосфера. За пријателството се раскажува и се’ што се прави во негово име...
Да се изразам инженерски, ако сега стојам на три чекори од координатниот почеток, во точка B, кога ќе го насочам погледот кон него, едвај го пронаоѓам заради тоа што патешествието сплело густа мрежа. Приказната која ми останува да ја создавам, а мрежата која ќе ја плете мојот spider- живот завршува во точката C (определена со x, y, z, и t). Она што сакам да ги разликува O-B и B-C (освен почетокот и крајот кои ги определуваат) е количеството самосвест и чистотата и јаснотијата на нештата кои ме дефинираат. Не е голема работа човек да ја согледа сопствената неопходност во сопствениот живот. Да може се’ сам, а да може заедно- волево, искрено и добронамерно- тој успех е радост по дефиниција!
Она што ме испровоцира да пишувам и нешто што сакам да споделам со кирилично- писмениот свет е впечатокот од вежбањето комуникација претходново попладне.
Се зборува за зборувањето, за помалку и повеќе страните јазици кои ги употребуваме, за разговорот во време кога човекот се претвара во суштество кое се плаши да зборува за сопствените мисли, кога се плаши од сопствените потреби, чувства, а со особен страв гледа кон признанијата- дека нешто мисли и тоа сака да го каже. Што е тоа што не’ исплашило? Ова е клучното прашање со чиј одговор верувам дека се обогати поголемиот дел од присутните на вежбава: каков е одговорот кој го добиваме од околината како реакција на некоја наша акција.
Со незабележлива примена на наивни и обични средства, претходново попладне секој бурична низ сечиј мозок, а никој не го почувствува тоа како нарушување на приватноста.
Зошто се радувам што бев дел од настанов? Заради тоа што тој иницира размислувања кои, еве ги- распламтено јуришаат низ главава и раѓаат нови- за мене во светов околу... Како да направам од себе подобар човек... Можеби утре ќе се разбудам во нов свет- свет на совршена хармонија... Свет на посреќни и подобри луѓе... Свет на чисти и искрени насмевки!

CЕ- културната размена ја направивме ТОП

Од 07. 12 до 13. 12. 2007 се одржа културната размена со Рим, и многу убаво си поминавме....
Првиот ден бевме во Охрид каде што се изнажуркавме до бескрај се изнашетавме и се запознамве со странците, кој подобро кој нормално ;).....
Во Скопјето наше кога се вративме нормално пак интересно ни беше на сите :). Бевме на куглање што мене лично ми беше прво и незаборавно искуство, на лизгалиште, скоро во сите музеи, бевме сегде!!!!! :)
Факт е дека сите беа среќни и задоволни со тоа што се случува, а јас бев најсреќна и презадоволна сигурно и Јое е бидејки ова беше наше прво искуство да организираме културна размена не само на мене и Јое туку и на БЕСТ-Скопје.
јас би сакала да им се заблагодарам на сите што учествуваа во култирната размена, и ајде да направиме уште една!!!!!!


подоле има клипче, морав да испробам нешто во анимото, тоа се некои слики од CE