Романија – прв бест курс



Романија беше дестинацијата која отсекогаш ме привлекувала и имав голема желба да ја посетам еден ден. БЕСТ ми го овозможи тоа преку летните курсеви и навистина бев пресреќна кога видов дека сум примена на летниот курс во Букурешт, Романија.


Кога отидов таму, веднаш почувствував позитивна енергија од организаторите и сите кои беа дел од тој курс. Сите бевме како едно големо семејство и во тие 12 дена додека траеше курсот се запознававме, преку најразлични игри, забави, разговори, шеги, смеење, фотографирање, одење на предавање, викенд патување, па дури и заљубување.


Иако темата на курсот беше за софтвери, а јас студирам новинарство, тоа не ме спречи да научам нешто повеќе, а уште помалку не предизвика некој страв во мене, дека можеби околу мене ќе има луѓе кои се поголеми познавачи во таа област, па јас нема да успеам покрај нив. Баш напротив, дури и кога имав нејасни работи во текот на предавањата, секој од нив ќе се понудуваше да ми објасни и да ми помогне да научам подобро. Преку тие активности, уште повеќе се запознававме и се прифаќавме онакви какви што навистина сме.

Забавите беа навистина нешто што досега немав видено. Секоја забава имаше своја тематика. Пробувавме најразлични видови на алкохол и храна кои се симбол за земјата која ги презентира.
Романците не прошетаа низ преубавиот Букурешт кој има што да понуди со своите убави градби и паркови. Не однесоа на викенд патување, каде што се запознавме со уште два прекрасни градови во Романија. Беше навистина убаво да се запознаеме подобро со културата на Романците, а тоа викенд патување уште повеќе не зближи сите. 


Смеењата, шегите, музиката, заедничките оброци, заедничкото подготвување за забавите, се само мал дел од работите кои ќе ги паметам засекогаш од ова мое прво искуство на овој летен курс во Романија. Навистина беше едно прекрасно искуство, преку кое ги запознав моите први пријатели од Европа, запознав нови 
култури и обичаи, пробав вкусни јадења, научив нови работи од областа на технологијата и пред се ја посетив дестинацијата која отсекогаш ја посакував.

Александра Крстевска

Feel it - Live it. BEST spirit!


Барајќи начин како забавно да го поминам крајот од летото некаде надвор од границите на нашата земја, сосема случајно наидов на листата на есенски БЕСТ курсеви и без никакви очекувања аплицирав за еден од нив во Ваљадолид, Шпанија - инаку мој долго неостварен сон. Дестинацијата ми делуваше примамлива, а исто и темата на курсот: Artificial Intelligence – Could a toaster pass your exams?
Кога го добив известувањето дека сум примена на курсот бев многу возбудена, но ни одблиску не можев да замислам што навистина значи да се биде учесник на БЕСТ настан. Многу од моите другари – инаку членови на локалната БЕСТ група во Скопје ми велеа дека Ваљадолид е неверојатен, а дека БЕСТ-овците таму се прекрасни луѓе. Слушав многу и за БЕСТ забавите, но сето тоа ни најмалку не успеа да го опише искуството што го стекнав во магичната Шпанија.
Уште на денот на пристигнувањето, го почувствував неверојатниот шпанскиот дух. Бев воодушевена од позитивната енергија која едноставно ја чувствувате со секое вдишување и не можете а да не се заљубите во оваа земја. Без двоумење би кажала дека Шпанците се најготопримливиот и најтопол народ што некогаш сум го запознала, а верувајте, тоа се чувствува уште при првиот чекор на аеродромот. Непознати, насмеани лица насекаде околу вас, ви го покажуваат патот, ви помагаат со багажот и патем ви раскажуваат каде можете да ја дегустирате најдобрата храна во градот.
Кога мислев дека сонот не може да стане подобар, тогаш  конечно пристигнав во Ваљадолид и доживувањето започна: Тhis is number one and the fun has just begun!!
Секој ден, секој час и минута го живеев БЕСТ сонот. Наутро – будење со песна и гитара, набрзина земен појадок; пат до универзитетот; предавања, дискусии, изработка на роботи, посета на фирми; паузи за кафе и игри. Попладне – време за стомакот да се почасти со некој вкусен шпански специјалитет; прошетка низ градот; подготовка за игри и забава. Навечер – бевме каубојци и роботи; олимпијци и  духови; диско – ѕвезди и сангрија мајсори.
Неверојатни 10 дена со БЕСТ. 10 дена исполнети со многу активности, песни, игри, забава, дружење и едноставно ви се чини како секој ден да трае една недела, а вам и тоа ви е малку.
Кога денес некој ќе ми спомне за Шпанија и БЕСТ курсот, го чувствувам топлото сонце, мирисот на сангрија и со радост се сеќавам на веселите насмевки на пријатели од цела Европа. Пријатели кои и денес ми се мили и чии ликови нетрпеливо чекам да ги видам на следното онлајн дружење или БЕСТ настан ( зошто да не? J). Се сеќавам и на жарот со кој моите другари ми ги споделуваа нивните БЕСТ искуства, точно пред моето заминување и сфаќам: БЕСТ не се раскажува. БЕСТ се доживува.

Марија Велкоска


























Main Organizer of EBEC Skopje 2013, Dejan Jankoski

Во организацијата БЕСТ Скопје се приклучив некаде на крајот на месец септември, знаејќи дека ќе ми ги прошири видиците и ќе научам многу нови нешта кои не се учат на факултет.

Две недели после моето приклучување следеше повикот за главен организатор на инженерскиот натпревар.  Детално го разгледав целиот проект и го разработив. Ми се допадна и си реков дека тоа е тоа се пријавувам за организатор на истиот. Тука навистина се пронајдов сакав нешто да оргнизирам, а ова воедно беше голем проект кој бараше ангажман.

Покасно следеше изборот за организатор. Ме прогласија за главен организатор, толку млад член полн со идеи и интузијазам бев пресреќен ми се даде можност на работам на голем проект што ми беше сон од многу по одамна. Тотално се внесов во проектов :)



Па така во текот на организирањето се соочивме со различни работи, но секогаш тука позади мене стоеше тимот од БЕСТ Скопје кој немилосрдно ми помагаше и од кој научив многу.

Настанот заврши успешно, иамвме форумска расправа на која дебатиравме за праксите во МК, два натпреварувачки денови како и победници кои беа наградени со вредни награди и кои наскоро ќе ги испратиме и на регионалниот инженерски натпревар во Софија.

Затоа сакам да им препорачам на сите кои скаат да нучат нешто повеќе да дојдат и да ни се приклучат во БЕСТ Скопје. 


Дејан Јанкоски







EBEC Skopje


Инженерски натпревар , формирај тим и докажи се! - Една реченица што ми го промени животот во буквална смисла на зборот. Настанот кој ми претстави пред мене еден сосема поинаков , нов и интересен начин на живеење на студентскиот живот, ме запозна со најдобрата за мене, студентска организација БЕСТ. Тоа беше пресвртот кој ми помогна да го обојам светот во боите на БЕСТ, портокалово , зелено, сино.

Во една од трите бои беше обоен и токму овој настан на кој иако бев прва година на факултет , млада и сеуште неискусна како студентка , ми донесе победа. После таа победа јасен ми беше мојот следен чекор- зачленување во организацијата која мене ми овозможи едно поинакво искуство.
По поминати неколку месеци , следеше повик за главен организатор  за идното издание на настанот кој мене ми беше првото искуство тука- инженерскиот натпревар EBEC 2012 Скопје.  Во портокалово се обои мојот свет, во кој сега имав шанса да стојам од другата страна на нештата. Преполна бев со идеи , ентузијазам и позитивна енергија која сакав на сите студенти да ја пренесам. Сакав да им ја подарам магијата која мене ми ја даде БЕСТ дента кога се одржа натпреварот.
Но не бев сама и не се чувствував само јас така.Зад мене стоеше тим на студенти, желни подеднакво колку и јас , да го доведат овој настан до совршенство. Работата уште повеќе ме сплоти со тие луѓе и мило ми е што успеав да стекнам вистински БЕСТ пријатели вредни повеќе од сите оценки во индексот.
Освен преубави чувства спрема настанот и можност да соработувам со вредни и позитивни луѓе , работејќи на организацијата на настанот успеав да стапам во контакт со многу компании и да допринесам за поврзувањето на триаголникот студенти - компании - професори . Чест ми беше ова да го правам пред се за БЕСТ и за студентите затоа што со секое искуство што се добива стануваме побогати. Се надевам дека во иднина ќе има уште многу изданија на овој настан и уште многу студенти ќе добијат шанса да почувстуваат на своја кожа она што јас се обидувам да го кажам во текстов.













                                                          Наталија Најдова

Искуства од Краков


Беше 2011та година,јас штотуку станата бебе член на БЕСТ.Бев решена да направам нешто
поинаку тоа мое лето,и аплицирав на летните курсеви кои што ги нуди БЕСТ.Ме одбраа да одам во Краков,Полска.Бев превозбудена за таа авантура,но воошто незнаев што ми следи.На пат за Краков во авионот имав и моменти кога незнаев како така одам во непозната земја,сама,потпрена на една организација што се вика БЕСТ.Но,сеуште немав сфатено што е БЕСТ.


Во моментот кога згазив на земјата во Краков почнаа најубавите денови од мојот живот.Ме
пречекаа на аеродром,и веднаш потоа заминавме во студентскиот дом каде што те пречекуваат
безброј насмеани лица кои ти даваат најтопло добредојде.Веднаш ме обвзеде неизмерна
насмевка и бев среќна што сум таму.Сигурна дека треба да бидам таму. До крајот на денот дојдоа сите партиципанти,од 20 држави низ оваа Европа, португалка,италијанец,шпанец,русинка и други,кои единствено заедничко нешто им беше топлата насмевка и неверојатниот дух што го носеа во нив.
Незнам што беше ама веднаш почувствував некоја врска со сите нив,и нашите
организатори. Бевме склопени како совршена хармонија која одекнуваше со... со живот ! Тие
денови се чувствував едноставно жива! Денови исполнети со игри, смеења, пеење по сабајле
и навечер,танцување на дожд,бањање во фонтана,пиење пиво на тревата. Денови какви што секој човек посакува во неговиот живот. Станувавме рано,се забавувавме до доцна,искрена
да бидам секој ден бев само два часа спиена но имав енергија за целиот свет.Чудно нели? А
и самиот град допринесе во нашата совршена приказна. Со белите кочии, магичниот плоштад
и замоците целиот град е како бајка. Едноставно таму немав момент воошто да кажам дека
нешто е досадно,и кога јадеш и кога спиеш или неспиеш и кога правевме 3D анимации на
курсот,чувствував дека сум насекаде исполнета со магијата на БЕСТ. А тоа мора да го доживееш да знаеш за што зборувам.Сите зборуваат прекрасно за БЕСТ,но БЕСТ е многу повеќе од сите зборови што може да се напишат за него.

Благодарение на БЕСТ јас поминав совршени 2 недели во Краков, 2 недели каде што незнаев како да бидам посреќна. Тие 2 недели јас пораснав таму,пораснав во една исполнета БЕСТ-овка.Тие две недели се исполнети со моменти кои што за ништо на светот нема да ги заменам.Тие луѓе никогаш нема да ги заборавам. Тие луѓе живееа во моментот заедно со мене. Знаете ли дека 2 години скоро поминаа ,а групата наша од Краков си пишува повремено сеуште? Едноставно тие пријателства не умираат. За малку време успеав да направам искрени пријатели низ целиов свет.Тие луѓе знаат да живеат во убавите моменти.
Тешко е да се верува дека постојат убавини на овој свет како што е БЕСТ,но вистина е.
И секогаш кога ќе се сетам на Краков се насмевнувам,ооо која топлина ми доаѓа во градиве.Тоа
беше едно прекрасно искуство за цел живот.
Но џабе зборам, зборовите не се доволно. Отидете ! Видете ! Почувствувајте !
Ќе бидете неизмерно благодарни на БЕСТ










                                                                                                                 Стефана Филипова









Верификационо Собрание


Со новата година дојде и едно ново верификационо собрание, кое беше оддржано на 20 Јануари 2013 година. Собранието како чин , е еден од посвечените и позначајните настани, кое најчесто се оддржува најмалку двапати во годината и на кое се донесуваат значајни одлуки за понатамошниот тек на самата организација. На истото присуствуваат полноправни членови, со можност за присуство и на млади членови.


Можеби исто како и сите други но малце поразлично за мене беше ова собрание, кое ми го донесе полноправството, што секако ми претставува големо задоволство.Како што ни кажува и самиот назив, на ова собрание беше верификуван и официјално стапи на функција новиот 12ти Борд, кој што беше избран на минатото собрание и добро се докажа во изминативе 3 месеци.Секако ни се обрати и нашиот 11ти Борд, кој ни направи еден прекрасен осврт на она што го постигнале за време на нивниот мандат и не се поштедија да го пренесат нивното искуство. После примопредавањето на функцијата,меѓусебните честитки и се разбира фотографирањето, беше избран и нашиот нов вивалди одговорен. Следно што  изгласавме е главен организатор на РМ, или поконкретно регионалниот состанок, кој што годинава на наша чест и задоволсто ние ја добиеме можноста за организирање на истиот.

Нека им е со среќа на сите и само успеси да се редат оваа година.












                                                                                                       
                                                                                                        Викторија Миовска