НВО саем

16ти и 17ти ноември

Смеење до бескрај. Само на нашиот штанд (БЕСТ, ЕЛФАСКО и И.А.Е.С.Т.Е.) студенти. Позади пултот се вари кафе, се чита елфаско, се смее на сметка на минувачите. Бабички шетаат и прашуваат што може да се земе гага, а нормално ниеистото го правевме и ние само со поголем успех од нив.

Додека новите БЕСТовци не претставуваа на штандот, ние "постарите" го претставувавме пред општините и организациите. Нормално тоа беше со цел да се добијат нови контакти.
На крај им благодарам на сите што се нафатија да поседат по неколку часа на нашиот весел штанд.

Средба на алумни, октомври 2007


Ние, алумните од БЕСТ Скопје, си имавме супер средба и тоа на празник, Денот на Македонската револуционерна борба. А имавме и повод, официјално си примивме уште 4 нови "гуштерчиња" во нашето алумни јато: Ана Вета, Златко, Нетко и Иле. Сите сплотени, со кабапот во една рака и узо/витач во друга, им честитавме на новите деца и им посакавме среќни "пензионерски" денови. Од кебапчилницата продолживме како вистински пензионери во Jukebox да се промешаме малку во беќарско/ергенско/старо-чупското друштво таму. И види чудо... На некои од присутните можевме и внуци да им бидиме. Како и да е, ни пееше Бени во живо, па супер си поминавме и весели си отидовме по дома малку порано, з'ш работа не чека другиот ден.

Слики има во галеријата најдолу.

Прва работна група за културна размена со Рим

на 18.10.2007 се собравме БЕСТ-овци за да продискутираме малку за размената со Рим.

Како прва работна група нели не решивме ништо туку само дававме идеи каде да се шета, храна, сместување, настани И.Т.Н. Си ги поделивме обврските и се фрламе на работа.

Имаше баш добра работна атмосвера и разбирање, по сето ова се гледа дека ќе имаме мноооооогу добра размена и нема да сакаат да си одат иако е зима и ладно.

еве и една фотка од нашата насмеана и весела атмосвера ...

Излезе Ubuntu 7.10

Денес е еден од тие 2 дена годишно кога излегува ново Ubuntu. Новата верзија нуди доста подобрувања меѓу кои:

  • нова верзија на GNOME работната површина;
  • 3D ефекти;
  • интегриран пребарувач на датотеки со напредни опции;
  • брза промена на корисници;
  • автоматска конфигурација на екранот;
  • едноставна апликација за конфигурирање на графичката картичка и монитор;
  • автоматска инсталација на печатачи;
  • подршка за запишување на NTFS партиции;
  • и многу други работи кои може да ги погледнете тука.
Знам дека доста бестовци користат Ubuntu и бидејќи ја користам новата верзија веќе подолго време (како развојна) можам да препорачам да си ги надоградите инсталациите.

Среќна Нова академска година


Почнува новата учебна година па за да сите заедно ги наполниме батериите

БЕСТ Скопје организира гоооолема бестовска забава.

Забавата ќе биде во недела,7ми октомври, во клубот "Кастро", со почеток во 21ч.

Ветуваме бесплатен влез, попуст на пијачки, добра музика и одлична атмосфера.

Поканети сте сите вие заедно со вашите пријатели!

Се гледаме на журка!


Ден на слободен софтвер 2007, сабота, 15 септември [Точка, Магор, Мала станица]

На 15 септември (сабота) е „Ден на слободниот софтвер“ и ќе биде одбележан на повеќе места во Скопје.

Според spodeliznaenje.blogspot.com:

Дискови со слободен софтвер ќе се делат од 11 до 18 часот во кафе книжарницата Магор и културниот центар Точка. На овие места ќе има и презентации во живо на оперативниот систем GNU/Linux. Се што треба да направите е да дојдете и да си земете CD. Во Точка и Магор ќе има и искусни корисници на GNU/Linux од кои ќе можете да добиете совети за тоа како да го инсталирате софтверот или одговори на други прашања кои можеби сте ги имале за слободниот софтвер.

Вечерта со почеток во 20 часот во Мала станица (Медиум) ќе има проекција на филмот „Good Copy, Bad Copy“, и ако останат, ќе има уште дискови за делење.

„Тркалезна маса“

Официјално БЕСТ ќе организира настан именуван како `Тркалезна маса` која ќе биде посветена на компаниите - соработници на БЕСТ, воедно и за потенцијалните партнери на нашата драга организација. Ова е прв наш настан од типот на "Company Care" и "Getting Feedback".

Главниот организатор - Кичо (Кристијан Демерџиев) е правата личност за ваков настан, сметајќи го неговото големо искуство и спремноста да организира и менаџира и многу посложени проекти, а зад него стои цел тим подготвен да се соочи со овој предизвик.

Настанот ќе биде од локално ниво и ќе се одржи на почетокот на неомври. Замислата е сите компании да имаат свои излагања за нивното досегашно искуство со БЕСТ, нивните погледи околу потребата од БЕСТ (како организација која учествува во дополнителното образование), иден млад кадар во нивните компании и можностите и облиците за меѓусебна соработка. БЕСТ Скопје од своја страна ќе ги презентира своите активности, својата подготвеност и важноста компаниите да бидат вклучени во настаните на БЕСТ.

Со овој проект БЕСТ ќе ја подигне соработката и комуникацијата со компаниите за едно скалило погоре, сѐ со цел усовршување на идните настани и активности.