Прва работна група за културна размена со Рим

на 18.10.2007 се собравме БЕСТ-овци за да продискутираме малку за размената со Рим.

Како прва работна група нели не решивме ништо туку само дававме идеи каде да се шета, храна, сместување, настани И.Т.Н. Си ги поделивме обврските и се фрламе на работа.

Имаше баш добра работна атмосвера и разбирање, по сето ова се гледа дека ќе имаме мноооооогу добра размена и нема да сакаат да си одат иако е зима и ладно.

еве и една фотка од нашата насмеана и весела атмосвера ...

Излезе Ubuntu 7.10

Денес е еден од тие 2 дена годишно кога излегува ново Ubuntu. Новата верзија нуди доста подобрувања меѓу кои:

  • нова верзија на GNOME работната површина;
  • 3D ефекти;
  • интегриран пребарувач на датотеки со напредни опции;
  • брза промена на корисници;
  • автоматска конфигурација на екранот;
  • едноставна апликација за конфигурирање на графичката картичка и монитор;
  • автоматска инсталација на печатачи;
  • подршка за запишување на NTFS партиции;
  • и многу други работи кои може да ги погледнете тука.
Знам дека доста бестовци користат Ubuntu и бидејќи ја користам новата верзија веќе подолго време (како развојна) можам да препорачам да си ги надоградите инсталациите.

Среќна Нова академска година


Почнува новата учебна година па за да сите заедно ги наполниме батериите

БЕСТ Скопје организира гоооолема бестовска забава.

Забавата ќе биде во недела,7ми октомври, во клубот "Кастро", со почеток во 21ч.

Ветуваме бесплатен влез, попуст на пијачки, добра музика и одлична атмосфера.

Поканети сте сите вие заедно со вашите пријатели!

Се гледаме на журка!


Ден на слободен софтвер 2007, сабота, 15 септември [Точка, Магор, Мала станица]

На 15 септември (сабота) е „Ден на слободниот софтвер“ и ќе биде одбележан на повеќе места во Скопје.

Според spodeliznaenje.blogspot.com:

Дискови со слободен софтвер ќе се делат од 11 до 18 часот во кафе книжарницата Магор и културниот центар Точка. На овие места ќе има и презентации во живо на оперативниот систем GNU/Linux. Се што треба да направите е да дојдете и да си земете CD. Во Точка и Магор ќе има и искусни корисници на GNU/Linux од кои ќе можете да добиете совети за тоа како да го инсталирате софтверот или одговори на други прашања кои можеби сте ги имале за слободниот софтвер.

Вечерта со почеток во 20 часот во Мала станица (Медиум) ќе има проекција на филмот „Good Copy, Bad Copy“, и ако останат, ќе има уште дискови за делење.

„Тркалезна маса“

Официјално БЕСТ ќе организира настан именуван како `Тркалезна маса` која ќе биде посветена на компаниите - соработници на БЕСТ, воедно и за потенцијалните партнери на нашата драга организација. Ова е прв наш настан од типот на "Company Care" и "Getting Feedback".

Главниот организатор - Кичо (Кристијан Демерџиев) е правата личност за ваков настан, сметајќи го неговото големо искуство и спремноста да организира и менаџира и многу посложени проекти, а зад него стои цел тим подготвен да се соочи со овој предизвик.

Настанот ќе биде од локално ниво и ќе се одржи на почетокот на неомври. Замислата е сите компании да имаат свои излагања за нивното досегашно искуство со БЕСТ, нивните погледи околу потребата од БЕСТ (како организација која учествува во дополнителното образование), иден млад кадар во нивните компании и можностите и облиците за меѓусебна соработка. БЕСТ Скопје од своја страна ќе ги презентира своите активности, својата подготвеност и важноста компаниите да бидат вклучени во настаните на БЕСТ.

Со овој проект БЕСТ ќе ја подигне соработката и комуникацијата со компаниите за едно скалило погоре, сѐ со цел усовршување на идните настани и активности.

На Св. Богородица

Како што решивме претходниот ден, така и направивме. Поголемиот дел од нас, засилени со Снеже-Мало, откако дознавме дека на Матка има голема гужва, се упативме накај Св. Пантелејмон во Нерези. Си ги напрајвме адетите в црква и седнавме да одмориме во локалниот ресторан. Ама услуга катастрофа... Чекавме келнер 1 саат, а кога некој од нас проба да извади сок од ранец дојде газдата и скоро не истера! Си фативме нога_под_нога и горе на чардакот. И шо можи... халара и зезање до бесвест. Од таму запаливме колите и директно кон средно Водно, демек на ручек. Ама ни ручек, ни црни камења, се преполно! Прошетавме шо прошетавме, сторивме адет и во блискиот манастир и ојдовме право во Интерактив, т.е. Стомна, кај домот Гоце Делчев. Крцнавме по 1-2 ладни пивциња, кој десетка со кродид, кој друго и така среќни и задоволни, патот под нас и секој по дома.

Журка кај Горан

Се започна со договерениот ручек во пута пута љ во Бисер.Откако изедовме се (вклучително и џиновската шопска), една група (џаболебарите), се упативме кај Горана в куќи. Демек собиранка ќе сме праеле... И решивме бунар ќе прајме. Ама не вистински бунар за вода црпење, туку онаков шо се пие, домаќински! Море накупивме бело_вино и швепс и лимони и му ги дадовме на Златка наш (ова е вокатив, не име на чупа), кој одма ги замеша и ни сервира одличен бунар. И пиј, пиј... па некои од децава почнаа да шизат, море шо стана веселба, песна... Тука беа и другарчињата на Драгче, па и тие ни се приклучуваа повремено. После дури се отворивме, па почнавме и за мажачки/женачки да збораме :) На крај падна договор за шетање следниот ден за празникот и сите исцрпени кај 2-3 наутро запаливме патичиња по_дома.



Присутни: Златко, Ана Вета, Горан, Васе, Нетко, Стена, Нено, Кате Т., Проки, Станка и нормално авторот на текстов.